- Идејата настана сосема случајно кога во еден разговор межу мене и Васил го прашав од каде ја купил блузата, тој ми одговори дека не ја купилм, туку дека ја заменил. Малку ми беше чудно како може да ја замени, тој ми кажа дека, бидејќи живее во Словенија, таму имало локали каде што гардеробата не мораш да ја купуваш, туку можеш и да ја замениш. Така дојдов до идеја зошто и кај нас да нема еден таков простор или локал, место, каде што ќе може секој да дојде и да си одбере гардероба што му се допаѓа и наместо да дава пари, да си ја замени со своја гардероба што не ја користи, рече Ненад Стојанов, организатор на акцијата за размена на облека.
Официјално акцијата започнува од овој викенд, а се предивдува да има и хуманитарен карактер доколку за дел од облеката се јави потреба да се донира.
- Акцијата е предвидена од сабота, меѓутоа тоа нема да биде само тој ден, бидејќи од тој ден само ќе почне, таа е една мисија, за секој што има гардероба да ја донесе во „Кмет бар“ која што не ја користи, а потоа таа мисија ќе значи достава до лицата и семејствата што имаат потреба од такво нешто, додава Стојанов.
На денот на започнувањето на акцијата, в сабота од 10 часот претпладне, предвидена е и целодневна забава со музика во живо што на народни инструменти ќе ја изведат пријателите на „Кмет бар“.
За само неколку дена од започнувањето на иницијативата биле собрани стотина парчиња облека, меѓу кои има и таква што е купена, но никогаш не била користена. Организаторот ги повикува сите заинтересирани да се вклучат во иницијативата и бесплатно да си одберат парче гардероба што им се допаѓа.
Т. Ајтовски