Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

jovana davitkova25.07.2017  Одличните успеси што ги постигна 9-годишната Јована Давиткова на Државните првенства во шах, каде редовно го освојува првото место, ќе бидат на испит и викендов.

Најмладата членка на ШК “Кочани“ од петок до недела ќе учествува на голем меѓународен шаховски турнир во Грција.

Во просториите на клубот таа секојдневно се подготвува за престтојните натпревари, а заедно со менторот Тодор Милосиев ги уигруваат варијантите што треба да и донесат успех. Скромната Давиткова која од наесен ќе тргне во четврто одделение вели дека се чувствува подготвена за турнирот.

- Ќе учествувам на меѓународниот турнир во Грција во “Ц“ категорија и се надевам дека ќе постигнам успех, рече Јована Давиткова, член на Шаховскиот клуб “Кочани“.

На турнирот што ќе се одржи во грчкиот град Кавала шахистите ќе се натпреваруваат во три возрасни категории, од сениорска до младинска, а освен Давиткова во нејзината категорија од Македонија ќе патува уште еден претставник од Неготино.

На Државните првенства и на турнирите во Македонија на кои досега учествуваше таа, редовно се враќа со признанија и награди.

- Во “Наум Наумовски Борче“ имам учествувано и таму бев прва меѓу девојчињата. Во Струга на Државното првенство минатата година имам освоено прво место, а оваа година имам освоено второ место. На првенството на училиштеото “Јахја Кемал“ осовоив исто така прво место. Сакам да играм шах додека да го завршам факултетот, додава Давиткова.

Желба на младата кочанска шахистка е да стане стоматолог и вели дека ќе се потруди тој сон да и се исполни. Секако, од шахот нема да се откаже и тој ќе и остане втора животна определба.

Вели дека е свесна оти има уште многу тајни што треба да се откријат во играта на црно-белите полиња, но покрај добрите противници и ментори се надева дека брзо ќе ги дознае. Поради тоа на турнирот во Грција очекуваме добри партии и враќање со медал и признание.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 94 гости и нема членови


web counter



qr code