Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
Pres sdsm avgust201704.08.2017  На прес-конференцијата што пред некој ден ја организираше ДПМНЕ - Кочани, можевме да слушнеме еден куп неостварени желби на партијата која 11 години одлучуваше за животот на граѓаните во општината и во државата.
 
После толку години трошење милијарди и милијарди евра народни пари, тие се сетија дека на општината и на регионот му се потребни инфраструктурни објекти што додека беа на власт не ги реализирале, па сега сакаат да бидат готови за кратко време, беше речено на прес-конференцијата на ОО СДСМ од Кочани, на која зборуваше нејзиниот претседател, Сашко Костов.

- Господа од ДПМНЕ, Вашата желба за покривање на градскиот базен и пуштање геотермална вода во него ја промовиравте уште за локалните избори во 2013 година, кога се сликавте со тогашниот премиер Груевски на истиот, но и по толку години ветувањето остана неостварено. Вие изгледа не живеете во општина Кочани, па и не знаете дека во село Тркање нема градинка, па поради тоа нејзините капацитети не можат ни да се прошират. Вашата желба за изградба детска градинка во село Тркање, ви остана неостварена исто како и ветувањето за изградба на канализација во ова населено место. Барате пари од буџетот на државата за изградба на катна гаража, а не кажувате каде ги потрошивте парите од продажбата на државно градежно земјиште во центарот на градот и од комуналиите што ги добивте од инвеститорите на зградите во општина Кочани. Направивте кружен тек за да по кратко време го направите некаков „квази кружен тек“, со што го зголемивте сообраќајниот хаос во градот. Изградбата на кружен тек на дуплиот мост, Ви остана неостварена желба бидејќи останавте без сомнителни тендерски зделки и провизии, рече Сашко Костов, претседател на ОО СДСМ – Кочани.

Костов се осврна и на проекти за кои сегашната опозиција побарала пари од државниот буџет, но не ги одржувала ниту веќе реализираните.

- Сакате државата да ви помогне за водовод во Пантелеј и Рајчани, ама не кажувате дека за лични интереси дозволивте за кратко време да се уништи новиот асфалт на патот меѓу овие две села. За пречистителна станица и канализација на Пониква нема што да се каже, освен дека во желбата да заработите што повеќе, продававте градежни парцели за викенд куќи, без да размислите за основната инфраструктура. Господа од ДПМНЕ, пред да излезете пред граѓаните и да зборувате за вашите желби што не сте ги оствариле, треба да се прашате самите каде се потрошија толку милијарди евра од државниот буџет, од кои Кочани не доби скоро ништо. Немојте да зборувате за лицемерие, бидејќи Вие одлично го практикувавте во изминатите години од вашето владеење, додаде Костов.

На крајот од обраќањето на прес конференцијата, Костов рече дека е време да се средат сметките и со трезвен ум да се реализираат реално остварливи проекти што се дел од потребите на граѓаните на општина Кочани и пошироко, а за кои власта предводена од СДСМ знаела тоа да го види и да го оствари.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 168 гости и нема членови


web counter



qr code