Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
most zrnovci1104.08.2017  По изградбата на главните чипови и поставување на столбовите кои се носители на конструкцијата на мостот, градежна механизација на конзорциумот „Фресине – Гранит“ започна со поставувањето на главните носачи на мостот на реката Брегалница, кој што страдаше во поплавите во февруари 2015 година.
 
Од понеделник ќе се започне со поставување на бетонската плоча и асфалтирањето на мостот.

- Пред неколку дена започнавме со поставување на главните носачи на мостот. По поставувањето на главните носачи на мостот ќе следи поставување на метална ограда од двете страни на мостот како и одбележување на сигнализацијата пред и околу мостот, рече Блаже Станков, градоначалник на Општина Зрновци.

Мостот е со должина од 96,5 метри и широчина од 7 метри. Вкупната инвестиција изнесува 800 илјади долари средства обезбедени од Европската Унија преку УНДП.

Носители на активностите за изградбата на мостот кој ќе ја поврзува општина Зрновци со Кочани се Министерството за транспорт и врски, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Општина Зрновци.

Инаку, додека се гради мостот, сообраќајот помеѓу општините Зрновци и Кочани се одвива по алтернативно решени на неколку метри под мостот. Целосната изградба на мостот се очекува да заврши до крајот на овој месец и истиот веднаш да биде ставен во употреба.

Т. Велкова

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 71 гости и нема членови


web counter



qr code