Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
fudbal stars podgotvki04.08.2017  Според планот и најавите фудбалската школа “Фудбал старс“ веднаш по празникот Илинден ги започна редовните тренинзи и подготовките за настап во претстојното првенство.
 
Поголем број млади фудбалери кои настапуваат во различни категории на детската и јуниорската лига се појавија на игралиштето во Горни Подлог каде што клубот тренира и го користи како домашен терен.
 
И покрај високите дневни температури подготвките се диктирани поради настапите на турнири во претстојниот период. Веќе за 28 август е пријавено учеството на екипата од генерацијата 2005 на традиционалниот богородичен турнир во Скопје.
 
Екипите на “Фудбал старс“ како и во минатото, така и во претстојното превенство ќе настапуваат во истите категории.

- Во новата натпреварувачка сезона нашиот клуб ќе учествува, како во Детската фудбалска лига - источен регион, исто така со четири генерации ќе учествуваме во регионалната лига, тоа се генерациите 2001, 2002, 20013, и 2004. Не очекува доста напорна сезона, квалитетот во овие лиги е на повисоко ниво, има доста пријавени екипи, но јас очекувам да го задржиме рејтингот што имавме до сега како водечка фудбалска школа во источна Македонија и со исто темпо да продолжиме и во наредната сезона. Имаме неколку нови дечиња во фудбалската школа, во повозрасните категории, како што се 2001 и 2002, рече Тоде митев, тренер во “Фудбал старс“.

Од стручниот штаб на “Фудбал старс“ велат дека се задоволни од досегашната работа, посебно што клубот располага со талентирани играчи, а се нудат можности и за тренерите кои сакаат да работат со најмладите.

- Има голем интерес од младите категории, а и од поголемите категории имаме доста квалитетни деца што можат да напредуваат, да се изградат во добри фудбалери кои можат да го држат костурот на ФК “Осогово“, кој е водечки во околината. Нашиот клуб има големи амбиции и услови за работа, останува да видиме што ќе покаже времето. Имаме нови членови, слободно кој сака може да се јави кај нашите тренери за сите генерации, сега сме 3-4 тренери, се надевам дека ќе имаме и повеќе прилив на тренери и кој сака да работи слободно може да се пријави како тренер за работа, отворени се вратите и за родителите и за тренерите, да поразговараме за понатаму, за нашите успеси, рече Љупчо Симоски – Бела, тренер во “Фудбал старс“.

За подобрување на условите за работа на младите фудбалери од “Фудбал старс“, на теренот во Горни Подлог при крај се градежните работи за реконструкција на соблекувалните. Притоа, поправен е кровот на објектот, поставена е нова столарија, нов под, како и нова електрична инсталација во внатрешноста. Со тоа фудбалската школа ги оправдува оценките дека е најдобра во источниот регион и меѓу најдобрите во државата.

T. Aјтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

20°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 78%
Ветер: North при 0 kmh
Петок17°C/33°C
Сабота18°C/35°C
Недела16°C/34°C
Понеделник14°C/26°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 85 гости и нема членови



web counter




qr code