Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vinica panorama107.08.2017  Кадровски промени на неколку институции кај кои надлежностите ги има државата деновиве се направени во Виница.

Откако првично беше најавено дека за нов директор на Здравствениот дом е назначен Венцо Вуинов, од Министерството за здравство дојде исправка на таквата информација. Всушност, на чело на виничката јавна здравствена установа е поставен доктор Венко Данчев, специјалист по интерна медицина, кој и до сега беше вработен во оваа институција.

Во претходниот состав  на  Советот на Општина Виница, тој беше и негов член, а ја претставуваше коалицијата предводена од СДСМ.

Новина во раководното место има и во Полициската станица во Виница. За нов командир е назначен Љупчо Петров, кој засега функцијата ќе ја извршува како вршител на должноста. Промената е направена деновиве, а по конситутирањето на новиот општински совет наесен, таквата одлука на Министерството за внатрешни работи ќе треба и официјално да биде верифицирана.

Промена во раководството е извршено и во Државниот комунален инспекторат во Скопје. За нов директор на институцијата е назначен виничанецот Ивица Димитров, актуелен претседател на ОО на СДСМ.

Со тоа по подолг период од Виница доаѓа кадровско решение на некоја од државните институции. Заедно со пратеничќкото место што го има СДСМ во републичкиот Парламент, директорската позиција на Димитров во јавноста се толкува како признание за досегашното успешно работење на локалната партиска организација.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 169 гости и нема членови


web counter



qr code