Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

osogovo natprevar2107.08.2014  Ждребувањето за двојките што ќе се сретнат во првото коло од новото првенство на реформираната Втора фудбалска лига – исток на кочанскиот второлигаш му одреди на стартот да биде домаќин.

“Жолто-сините“ на стадионот “Никола Мантов“ на 26 август ќе ја дочекаат екипата на “Кожув“ од Гевгелија која им е стар ривал. Со оглед на досега прикажаното во контролните пријателски средби, кочанскиот тим ќе има тешка задача да ги освои бодовите и да покаже дека нема да има само епизодна улога во Втората лига. 

Првиот настап на нашата екипа во повисок ранг се очекува да биде повод, по подолго време на стадионот да дојдат поголем број гледачи за да го бодрат својот миленик.

Сепак, пред почетокот на првенството, нашиот второлигаш ќе има уште еден тест на подготвеноста, со оглед што ќе игра во првото коло од натпреварите за Купот на Македонија. И во овој натпревар “Осогово“ ќе биде домаќин, а на стадионот во Кочани ќе гостува штипска “Брегалница“. Нашите фудбалери ќе имаат тешка задача да ја прескокнат првата пречка, без разлика што штипјани веројатно се демотивирани и играчки ослабени по испаѓањето од прволигашкото друштво. Средбата со “Брегалница“ ќе се игра в среда, на 16 август.

Во рамки на подготовките, викендов “Осогово“ одигра уште еден контролен приајтелски натпревар со новиот прволигаш “Академија Пандев“ од Струмица. Струмичани се покажаа како цврст и сериозен противник и ги поразија домаќините со катастрофален резултат од 8:0.

Со тоа од пет одиграни средби во подготвителниот период “жолто-сините“ претпреа пет порази, а најтежок е токму последниот на кој домаќините беа целосно надиграни. Дека нема што да бараат против гостите од Струмица се виде уште во првото полувреме кога веќе губеа со 5:0, така што да крајот на средбата “Академија Пандев“ го зголеми водството и докажа дека од годинава заслужено ќе се натпреварува во Првата лига.

T. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

20°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 78%
Ветер: North при 0 kmh
Петок17°C/33°C
Сабота18°C/35°C
Недела16°C/34°C
Понеделник14°C/26°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 86 гости и нема членови



web counter




qr code