Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Besplatni-Kursevi05.06.2013 Активноста на Општината за спроведување на бесплатните курсеви по странски јазици и информатика одлично е прифатена кај кочанските граѓани. Заинтересираноста и годинава беше голема. Од вкупно 490 граѓани кои ја искористија можноста да се надградуваат, 90 се од курсевите по информатика. Изненадувачки висока бројка на заинтересирани за изучување на германскиот јазик, над 180 возрасни ученици. Денеска свечено им беа доделени дипломите.

- Праксата на спроведување на бесплатни курсеви е од повеќекратна корист затоа што нашите сограѓани стекнуваат елементарни познавања на јазиците и информатика како и со компјутерот без кој што во денешно време не можеме да живееме ниту во образованието, ниту во работата, ниту во фамилијата. Општината ќе продолжи со ваквите акции и понатаму и во текот на наредната учебна година ќе ги продолжиме истите курсеви, истакна Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Поголем број од возрасните ученици во гимназијата годинава за прв пат беа од редовите на кочанската полиција. Директорот Димитријев им се заблагодари за соработката и за реализираните проекти за регулирање на сообраќајот и безбедноста на учениците, како и за безбедно спроведување и организирање на матурската вечер.

- Ние работиме на планот на засилување на комуникацијата помеѓу полициската станица и вработените и учениците и тоа дава резултати. Среќен сум што успеавме и оваа година да дадеме скромен придонес во реализирање на наставата по информатичка технологија со група од 26 курсисти кои што сите успешно го завршија и по кажувањето на одговорните во полициската станица веќе ги применуваат тие знаења на работните места што особено не радува, истакна Лазар Димитријев, директор на СОУ „Љупчо Сантов“ .

Дипломите за завршен курс по англиски јазик им беа врачени на возрасните ученици од ОУ „Св. Кирил и Методиј“. Во ОУ „Малина Попиванова им беа врачени дипломите на курсистите по германски и англиски јазик.

Од курсевите по англиски годинава се изучуваше четврти, петти и шести степен. По германски втор и по информатика трет степен.

Т. Велкова

Сподели

 Besplatni-Kursevi-2Besplatni-Kursevi-3Besplatni-Kursevi-4

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 46 гости и нема членови


web counter



qr code