Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

niva voda poplavena08.08.2017  Сезоната за наводнување е во тек, но истовремено и во многу критична ситуација.

Со зголемувањето на температурите се зголемија и потребите за вода, но и несовесноста на земјоделците кои што доста себично се однесуваат во наводнувањето со тоа што водата ја корситат за наводнување на стрништата.

Екипи на Водостопанство на Македонија подружница „Брегалница“ Кочани дежураат со полиција и им пуштаат пријави на несовесните корисници.

- Самите водокорисници се несовесни бидејќи забележавме на повеќе места злоупотреба на водата до тој степен што вршат наводнување и на стрништа, односно ниви кои што веќе се ожнеани за да можат полесно да ги ораат. Сето тоа го евидентираме од наша страна и веќе имаме поднесено и пријави, меѓутоа треба да разбереме дека оваа вода е за сите земјоделци не е само за поединци и не треба да бидеме себични, рече  Николчо Гоцев, раководител на Водостопанство на Македонија, Подружница „Брегалница“ Кочани.

Во моментов десниот магистрален канал е целосно пуштен со максимален  капацитет и по него секојдневно се испорачува 11,5 метри кубни вода во секунда.

- Десниот магистрален канал го пуштаме максимално, со максимален капацитет и во него тече вода до крајниот потрошувач но како што кажав со проблеми. Во ноќните часови несовесните корисниси самоволно ги уништуваат вратите и  испуштаат големи количини на вода и затоа со полиција вршевме обиколка да ги фатиме несовесните корисници. Ако навреме не се преземе нешто, ќе имаме големи потешкотии, додаде Гоцев.

Засега проблемите се мали, но ако се продолжи со ова темпо на злоупотребување на водата, како и со високите температури, неизбежни ќе бидат големите проблеми околу наводнувањето.

Т. Велкова 

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

20°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 78%
Ветер: North при 0 kmh
Петок17°C/33°C
Сабота18°C/35°C
Недела16°C/34°C
Понеделник14°C/26°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 88 гости и нема членови



web counter




qr code