Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

metodi  hum09.08.2017  Методи Митев од Кочани повторно со хуманитарни акции и забави со цел собирање средства за операцијата во Кина која што треба да му овозможи да застане на нозе.

На 18 август за негова помош ќе биде организирана хуманитарна забава во дискотеката Аква со почеток во 23.00 часот на која ќе настапа познати пејачи и групи.

- Сакам повторно да истакнам дека тешко ми оди собирањето на парите за операцијата. Болеста ми се шири и на рацете, често се онесвестувам и состојбата ми се влошува. Затоа ги молам сите хумани граѓани на 18 август повторно да ја покажат својата хуманост и да донираат за мене. Организираме хуманитарна забава на која ќе настапат Бени Шаќири и Нон Стоп, Филип Божиновски и ди-џеј Мастер, а влезницата е 100 денари, рече  Методи Митев.

 

Митев веќе трета година ги собира потребните 28.000 евра за операцијата, му недостасуваат уште 7.000.

Вели дека откако ќе ги собере парите за операцијата, ќе му требаат и дополнителни средства за патувањето и престојот во Кина, но ќе се бори до крај за да стигне до посакуваната цел, повторно да застане на нозе.

Т. Велкова 

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

20°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 78%
Ветер: North при 0 kmh
Петок17°C/33°C
Сабота18°C/35°C
Недела16°C/34°C
Понеделник14°C/26°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 94 гости и нема членови



web counter




qr code