Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

moskito mon blan09.08.2017  Членовите на КПС “Москито“ од Кочани се вклучуваат во планираната акција за искачување на највисоките врвови на Алпите.

Во план е да се освојат Мон Блан, Гран Парадисо и Триглав, а експедицијата да стартува на 15 август. Во екипата што ќе  ги освојува највисоките врвови во Западна Европа се Крумислав Цеков, Борис Поп Горгиев, Лоранс Марков и Бојан Мичев, кои планираат долгата тура да ја започнат од Шамони, преку Аоста-понт до Аљажев дом.

Спортско-техничката организација и подготовка на нашата експедиција трае повеќе од една година, при што таа помина низ напорна работа и обука.

Со успешно завршување на спортскиот настан, се очекува широк медиумски одговор и како во печатените, така и на електронските медиуми, како и на интернет социјалните мрежи.

Експедицијата е финансирана од сопствени средства на учесниците, но со оглед што дел од програмата е се уште финансиски необезбедена поради големите трошоци за опрема, превоз и сместување, планинарите бараат помош од кочанските фирми, во рамките на нивните можности.

Како надомест за поддршката, експедицијата нуди можност за реклама со поставување лого во рекламните материјали, покривање на социјалните мрежи и во медиумското информирање. Исто така, планинарите се подготвени на обелкката да носат обележја на спонзорите или знаме што би било поставено на планинските врвови.

Четворицата членови на “Москито“ се надеваат дека нивното барање ќе биде прифатено од кочанските стопанственици.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

21°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 33%
Ветер: North при 22 kmh
Петок7°C/19°C
Сабота9°C/22°C
Недела11°C/25°C
Понеделник10°C/24°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 137 гости и нема членови



web counter




qr code