Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

med prodazba09.08.2017  Сведоци сме дека по маркетите се продава мед со многу ниска цена отколку што го продаваат пчеларите од Источна Македонија.

Истиот е со сомнителен квалитет, па пчеларите со апел да не се продава сомнителниот мед под називот „Македонски мед“, туку на етикетата да стои од каде е увезен. Македонскиот мед е бренд и е доста  квалитетен и не може со него да се манипулира, велат пчеларите.

-Тој мед е сомнителен бидејќи во него има нешто што не е мед. Истиот е увезен мед и ние како пчелари реагираме на тоа што ако веќе се увезува, нека стои на етикетата дека е увезен од Кина или од Молдавија. Не да се продава како „Македонски мед“ бидејќи македонскиот мед има добиено сребрен медал во Франција за најквалитетен мед и затоа неможе да кинески  мед да се продава под името „македонски“. Тие  исти фирми од нас го откупуваат 250 денари, па неможе по иста цена па и поефтин да се продава во маркетите. Не велам дека не е квалитетен но не е во ред да се продава под називот „македонски“, истакна Драган Колев, претседател на ПЗ „Матица“ Кочани.

Од причина што неквалитетниот мед не може да се познае,апелот до граѓаните е  да си купуваат мед  од пчелари кои што ги познаваат.

- Мене ме прашуваат како да се познае квалитетен мед. Е тоа неможе да се познае, едноставно ги советувам граѓаните да си купуваат мед од пчелар што го познаваат, додаде Колев.

Пчеларското здружение „Матица“ од Кочани заедно со претседателот на Сојузот на пчелари на Македонија оствариле и средба со Министерот за земјоделство на која што  го покренале прашањето околу пласирањето на неквалитетен мед во маркетите под името „Македонски мед“и било одлучено, додава Колев, инспекциите да   интервенираатна терен и да се врши позасилена контрола по маркетите со цел  да се види каков мед  се нуди на граѓаните.

Т. Велкова 

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

20°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 78%
Ветер: North при 0 kmh
Петок17°C/33°C
Сабота18°C/35°C
Недела16°C/34°C
Понеделник14°C/26°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 95 гости и нема членови



web counter




qr code