Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
parking10.08.2017  Граѓаните да не бараат разни изговори само за да не платат 10 денари за паркирање, апелираат одговорните од паркинг службата во Кочани.
 
Раководителот на паркинг службата Иван Симеонов потстеува на четирите начини за плаќање за паркирање и вели дека веќе толеранција за неплаќачите.

- Повеќе нема изговор не беше дечкото тука да му дадам пари за паркирање. Има 4 начини како да се плати за паркирање. Првиот начин е на лице место со помош на лицата кои што наплаѓаат, вториот е преку СМС порака на 147 147, потоа со користење на грепки кои што ги имаме на три пункта во Кочани, и секако со купување на месечен билет за паркирање кој што чини 300 денари, рече Иван Симеонов, раководител на паркинг служба Кочани.

Што се однесува за паркинг местата, сега поради големата фреквенција на луѓе од странство нема доволно места за паркирање и едвај се решава проблемот. Но, колку размислувањето за евентуална изградба на катна гаража ќе го реши проблемот со паркинг простор во Кочани.

- Позади Поштата има доволно место за изградба на катна гаража меѓутоа доста средства се потребни за инвестирање. Но и таа катна гаража колку ќе го реши проблемот бидејќи луѓето не сакаат да платат 10 денари за паркирање, а катната гаража би чинела поскапо, така што, незнам дали ќе биде добра инвестиција за овој народ, додаде Симеонов.

Инаку, додава Симеонов, досега повеќепати е размислувано е и за воведување на пајак служба која што е доста скапа и за граѓаните и за одржување, па засега е одлучено дека ќе нема воведување на таква служба, тукуј ќе продолжи да функцинира влечната служба доколку возилото на кое што му е ставено блокатор не е подигнато во рок од 24 часа.

Инаку, досега паркинкг службата во Кочани има поставено доста блокатори кои што чинат 700 денари, но Симеонов додава дека кога ќе се постави блокатор неможе преку интервенции или врски истиот да се тргне доколку не се плати, па затоа  граѓаните треба да размислат дали за десет денари ќе ризикуваат да им биде поставен блокатор.

Т. Велкова

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

11°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 47%
Ветер: WNW при 2 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
Недела6°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 167 гости и нема членови


web counter



qr code