- Пред два дена во трговскиот центар во Кочани Николчо остави уште едно кученце, измачено и силувано. За кратко време почина. Николчо и понатаму си продолжи да ги силува кучињата а никој ништо не презема, рече Викторија Апостолова, активист во здружението за заштита на животните „Втора шанса“ Кочани.
Нашата камера заедно со екипите на Здруженијата за заштита на животните минатата година го регистрираше објектот каде што ги малтретира кучињата, а околу можеа да се забележат фрлени убиени кучиња од каде се шири неподнослива реа на мртвило. Кучињата беа цврсто стегнати околу вратот со жица, без простор за воздух, дехидрирани, измачени, тепани, малтретирани без храна и вода, врзани под креветот. И после тоа никој ништо не презема да се спречи малтретирањето на невините животни.
Активистите на Здружението за заштита на животните „Втора шанса“ од Кочани секојдневно добиваат закани од лицето дека ќе ги нападне и нив ако го пријавуваат во полиција иако му ги земаат кучињата. Затоа тие бараат поголема соработка од полицијата.
- Имаше случај кога тој не фати како ги ослободуваме кученцата од кај него и ни се закани дека и нас ќе не убие и ќе не силува ако продолжиме да му ги ослободуваме. Познат е на полицијата и замолуваме да преземе нешто полицијта оти ние без нивна помош не можеме сами, ќе не убие и нас, додава Апостолова.
Граѓаните и станарите зад камерите коментираат дека стравуваат од можен напад врз дете, бидејќи секојднесвно гледаат остатоци од тела на мртви кучиња, распаднати трупови, расфрлани екстремитети, празни шишиња пиво и искористени кондоми. Пред три години за ова зборуваше и го потврди и неговата мајка, но бидејки ја малтретира и неа и таа не смее јавно да го искаже проблемот.
Минатата година членовите и активисти на здруженија за заштита на животните одржаа протест во Кочани поради нереагирањето на надлежните институции против постапките на Николчо во врска со изживувањето врз животните. Тие побараа од надлежните да реагираат и да преземат мерки против сторителот.
Од Здружението повторно најавуваат протести.
- Ќе органиизраме и протести и тие ќе бидат целодневни се додека не се фати и не се стави или во затвор или во некоја институција овој човек. Мора да се спречи малтретирањето на животните, рече Апостолова.
Здружението „Втора шанса“ од Кочани заедно со останатите здруженија за заштита на животните апелираа на преземање мерки од страна на институциите, Полицијата, Oпштината, социјалните служби и да го спречат изживувањето со животните.
Т. Велкова