Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
unipab natprevar111.08.2017  Сезоната на годишни одмори и топлото време се причина што футсал екипата на “Унипаб“ од Кочани порелаксирано ги планира подготовките за новото првенство во Втората лига.
 
Засега тренинзи не се изведуваат, но сепак играчите се ангажирани со учество на турнири што се одржуваат во текот на летниот период. Тимот кој минатото првенство имаше солиден настап во лигата, со освоените 19 бода ја заврши сезоната во средината на табелата. Тоа и покрај надежите и плановите не ја стави нашата екипа во ситуација да игра разигрување за освојување на позиција што би значела влез во повисок ранг.
 
Сепак, од стручниот штаб на “Унипаб“ најавуваат дека нема откажување од таквиот план и можноста тој да се реализира од догодина.

- Оваа година сметаме да влеземе во Прва лига, ќе имаме засилување од Куманово, тројца играчи, тие се поранешни репрезентативци на Македонија и се надеваме дека ќе влезем во Прва лига. Малку поангажирани ќе бидеме од лани, рече Роберт Митров, тренер на КМФ “Унипаб“ - Кочани.

Во текот на подготвителниот период екипата ќе учествува на Богородичните турнири во Пробиштип и Демир Капија што започнуваат идната недела. За разлика од минатата сезона кога играчите беа ангажирани на десетина турнирски натпревари, ова лето ќе ги има помалку. Освен на најавените два, тимот учествуваше на Илинденскиот турнир во Зрновци, каде го освои второто место. Исто така, фудбалерите Петров и Стојчев како засилувања му беа позајмени на штипски “Астибо“, кој играше во финалето на футсал турнирот во Конче.

Инаку, новото првенство ќе стартува кон крајот на октомври, така што “Унипаб“ има доволен период за реалзиирање на подготовките. Засега непознато е колку екипи ќе учествуваат во лигата, со оглед што дел од нив го откажаа учествотот во текот на минатата сезона. Сепак, тоа според тренерот Митров не би требало да биде пречка за остварување на планот за влез во повисок ранг на натпреварување.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

20°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 78%
Ветер: North при 0 kmh
Петок17°C/33°C
Сабота18°C/35°C
Недела16°C/34°C
Понеделник14°C/26°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 93 гости и нема членови



web counter




qr code