Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

iselenicka sredba14.08.2017  Желбата на македонските граѓани кои работат во западноевропските земји да се видат меѓусебно и да се дружат, се реализираше викендов во близина на виничкото село Драгобраште.

Дворот на манастирот “Св. Спас“ беше претесен да ги прими сите заинтересирани кои дојдоа на првата иселеничка средба што ја организираше македонското здружение “Камен мост“, односно “Понте Ди Петра“ од гратчето Канели во Италија, каде има најмногу наши сограѓани.

На самиот почеток свеченоста ја благословија митрополитот брегалнички Иларион и митрополитот европски Пимен, во сослужение на свештеници од виничкото парохиско намесништво.

 Организаторите на иселеничката средба рекоа дека се задоволни од поддршката што ја добиле и планираат дружењето да продолжи и наредните години.

- Веројатно ќе биде традиционална средбата, ние работиме и дејствуваме веќе 5 години во областа Пиемонте во Италија, имаме огромни активности таму, па сакаме малку повеќе да се префрлиме и тука, за поголема соработка со општините од нашиот регион. Само во тој крај имаме над 10 илјади Македонски, претежно работат во земјоделието, градежништвото, сега веќе имаме втора генерација, наши деца кои веќе студираат, добро сме интегрирани во општеството, тоа секогаш на сите посети на важни луѓе од нашиот крај им се дава до знаење, дека Македонците се добро интегрирани и добро одговараат на задачите. Имаме сличен менталитет и добро сме интегрирани и прифатени од средината, рече Илона Захариева од Здружението Pontе di Pietrа.

За средбата во Драгобраште имало голем интерес, без разлика дали нашите сограѓани работат и живеат во Италија или пак во некоја од другите западноевропски земји.

- Секако, имаше интерес да дојдат, но поради времето луѓето почнаа да си одат, веќе се враќаат и идната година планираме една недела порано да го направиме истото, рече Ванчо Ефтимов, иницијатор на средбата.

Поддршка за организацијата на дружењето на нашите иселнеци во родниот крај даде и Локалната самоуправа на Виница, која го искористила одржувањето на мото крос возењето што го организирал мото клубот “Винеам“ за да го збогати со уште една содржина.

- Оваа година по иницијатива на македонското друштво од Канели, “Ил Понте ди Петра“ решивме да го надргадиме овој настан со една дружба со нашите иселеници во сите држави во Европпа. Јас мислам дека ова е еден прекрасен настан, можност тие да се видат со старите познаници со кои не се виделе многу години и се надевам дека ова ќе стане убава традиција, рече Емил Дончев, градоначалник на Општина Виница.

Поголем дел од присутните на иселеничката средба рекоа дека веќе десетина и повеќе години живеат и работат во Италија и другите земји во Европа, а ова дружење во иднина ќе им биде мотив да го планираат годишниот одмор за да можат да присуствуваат на средбата и да се видат со своите пријатели и познаници.

За забавата на дружењето се погрижи групата Љубојна, како  и локални винички музичари.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: NNE при 9 kmh
Недела2°C/12°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 110 гости и нема членови


web counter



qr code