Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Opstinska izborna komisija tabla04.09.2017  На полноќ завршува рокот во кој заинтересираните учесници за претстојните локални избори имаа можност да собираат потписи за поддршка на нивните предлог-листи за кандидати за градоначалници и за членови на Советите.

Според роковникот на ДИК, можноста за вклучување во изборната кампања на овој начин започна на 21 август и сите предлози требаше да добијат поддршка од 250 гласа за да можат да влезат во предизборната трка.

Според официјалното известување на веб-страницата на Комисијата, за општина Кочани досега е поднесена само една независна предлог-листа за членови на Советот, чиј носител е Венко Крстевски, додека за градоначалник нема ниту еден предлог.

Со оглед што на партиите им е оставен рок до 14 септември до ОИК да ги достават своите предлози, засега се тактизира и се уште не се соопштуваат имиња, па се останува во сферата на шпекулациите и можните комбинаторики.

Во јавноста веќе се вртат неофицијални податоци за веројатните кандидати за градоначалничка функција, при што кај ВМРО-ДПМНЕ наводно веќе се било познато. Кандидатите кои ќе влезат во предизборната трка за први луѓе на локалните самоуправи веќе биле или допрва ги очекуваат разговори и консултации кај генералниот секретар на партијата, Христијан Мицковски, по што конечно треба да биде донесена одлуката за секоја општина засебно.

Иако се уште официјално не е потврдено, досегашниот градоначалник Ратко Димтировски е во најсигурна опција да се бори за општинската фотелја по трет пат. За Чешиново-Облешево се споменува името на Горанчо Зашов, поранешен директор на Водостопанство “Брегалница“, додека за Зрновци и Виница како кандидати за нови мандати исто така остануваат досегашните градоначалници.

Што се однесува до СДСМ, и таму состојбата се уште не е сосема расчистена, па во опција остануваат по неколку имиња. Единствено сигурна е кандидатурата за во Виница каде во предизборната трка влегува Ивица Димитров, актуелен претседател на општинската организација на социјалдемократите.

Во Кочани пак, и понатаму се прави испитување на мислењето на членството околу тројца можни кандидати за кои согласност потоа ќе треба да се добие од партиското раководство. За општина Чешиново-Облешево во опција е Горанчо Крстов, кој беше во трка за градоначалничката позиција и на претходните локални избори.

Во Зрновци до ОИК поднесени се две предлог-листи, една за градоначалник на која стои името на Методи Николов, како и за членови на Советот, чиј носител е Владо Ристов.

Официјалната потврда за прифатените предлози ДИК треба да ги соопшти до 16 септември, а еден ден подоцна треба да започне постапката за ждребување за редоследот на гласачкото ливче.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: NNE при 9 kmh
Недела2°C/12°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 152 гости и нема членови


web counter



qr code