Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

stecajci sobir105.09.2017  Пребројувањето на стечајните работници од Кочани, кои до неодамна ја обновуваа евиденцијата во списокот што го води подружницата на Здружението “Унит“, покажало дека околу 250 од нив се стекнуваат со право за конечно решавање на статусот.

Обврска е до петок да се достави целокупната документација со која стечајците ќе докажат дека имале непрекинат работен стаж од 15 години во некоја од државните фирми што се ликвидирани или биле приватизирани.

Предлагачот на законското решение за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, односно на стечајците, рече дека постаката започнува и се очекува во најскоро време Собранието да го изгласа долгоочекуваниот закон.

- Овде станува збор за популарно наречениот Закон за стечајни работници со кој секое невработено лице кое најмалку најмалку 15 години било во работен однос во претпријатие во доминантна државна сопственост и кои на денот на стапување на сила на овој закон е на возраст од најмалку 52 години за жени и 55 за мажи, да се стекне со правото на паричен надомет во висина од 7.596 денари месечно, рече Томислав Тунтев, предлагач на Законот за стечајните работници.

На еден од состаноците на членовите на здружението на стечајци “Унит“ во Кочани, а на кој присуствуваше и претседателката Лилјана Геориевска беше речено дека бројката на невработени лица кои очекуваат решавање на статусот со законското решение нема да доживее драстични поместувања.

- Колку и да пресметуваме, нема да постигнеме бројка повеќе од 4 илјади, за жал половината и повеќе изумреа, што е најстрашно. Тоа е најстрашен податок, или се со инвалидски пензии срцеви болни, мозочни удари или веќе заминале. Така што, колку и да имаме прилив, 4 илјади нема да надминеме сигурно. Сакам секој кој заслужува и кој ги исполнува условите да биде обештетен. Тоа е голем подвиг и дури тогаш ќе се исплати нашата мака, тогаш ние ќе постигнеме нешто во животот, затоа што ние претрпевме што никој не претрпел и што на никого не му посакуваме, рече Лилјана Георгиевска, претседател на Здружението на стечајни работници “Унит“.

Стечајните работници даваат поддршка на предложеното законско решение со кое реално треба да бидат опфатени поранешните работници во државни претпријатија, кои не по своја вина останале на улица затоа што фирмите во кои работеле отишле во стечај и биле ликвидирани.

Доколку нема одолговлекувања и опструкции во собраниските расправи, законските измени треба да бидат донесени што поскоро, иако непознато е дали ќе се стигне пред локалните избори, со оглед што Собранието ќе работи до 25 септември. 

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: NNE при 9 kmh
Недела2°C/12°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 153 гости и нема членови


web counter



qr code