Според спецификацијата во повикот, се бара електричниот скутер да задоволува одредени карактеристики, односно да има моќност од 3 киловати и да може со едно полнење да опслужува опсег од околу 70 километри. Максималната брзина треба да му биде до 50 км на час, со носивост до 200 кг. Освен основната, потребно е со скутерот да се обезбеди и дополнителна опрема како фиока за ракавици, заден сандак, мобилна апликација за надзор, кацига и други поединости.
Покрај скутерот на струја, Општината планира да набави и станица за полнење електромобили, која треба да има два приклучока од кои секој треба да обезбедува моќност од по 22 киловати. Во спецификацијата е нагласено дека станицата треба да овозможува за три часа да се наполни акумулаторот на електричното возило за да се обезбеди непрекинато возење до 100 километри. Од понудувачот се бара во вкупната цена за набавка да ја вклучи и инсталацијата на станицата, како и соодветена обука за начинот на нејзино користење.
Доколку целата процедура за јавната набавка помине без проблеми, се очекува во електричниот скутер во возниот парк на Општина Кочани да се појави во период од два месеци.