Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

noz tepacka11.09.2017  Со сериозни телесни повреди се здобило едно лице од Кочани, откако во тепчка било избодено со нож, па лекарите биле принудени да го префрлат на лекување во Скопје.

Според известувањето од МВР, во неделата околу 22.20 часот на ул. „Јане Сандански“ во Кочани настанала вербална расправија, а подоцна и физичка пресметка помеѓу три лица.

На една страна биле 37-годишниот В.А. и 33-годишниот А.Д., кои му се спротивставиле на 58-годишниот Л.А. Првите двајца со дрвени стапови го удриле Л.А. два пати во пределот на главата, по што тој со нож на В.А.  му нанел повеќе убоди во пределот на телото.

Поради серриознаоста на убодите веднаш била побарана медицинска помош од кочанската болница, а откако било констатирани повредите, В.А. бил пренесен во Клиничката болница во Штип, од каде е препратен во Клинички центар Скопје. 

Останатите две лица во тепачката биле приведени во Полициската станица - Кочани, а по овластување на јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила полициска екипа.
 
Од МВР велат дека се преземаат активности за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде познато какви мерки ќе бидат преземени против учесниците во тепачката.
 
Т. Ајтовски
 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 191 гости и нема членови


web counter



qr code