Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

gradska cetvrt1711.09.2017  Голем интерес предизвика презентацијата на предлогот за Деталниот урбанистички план за Градската четврт 17 во Кочани, што се одржа во салата на Советот.

Поголем број сопственици на стопански објекти што се наоѓаат таму, дојдоа да слушнат за предложените решенија од урбанистите за уредување на  просторот. Се работи за локацијата на старата индустриска зона, започнувајќи од некогашниот дрвно-индустриски комбинат “Борис Кидрич“, па се до стопанскиот двор на поранешната фабрика за хартија, во близина на влезот на СОУ “Гошо Викентиев“, која опфаќа вкупно 24 парцели на површина од околу 46,5 хектари наменети за стопанска дејност.

Со презентацијата всушност започнува постапката за донесување на ДУП-от, а за што во тек е и јавна анкета.

- Анкетата трае се од 29 септември 2017 година, во овој период сите заинтересирани можат да достават анкетни листови со нивни забелешки, предлози и сугестии по предлог планската документација за за ДУП за Градска четврт 17. Да ги достават преку архивата на Општина Кочани, а како прилог кон анкетните листови треба да достават копија од катастарски план и имотен лист. Инаку, анкетни листови можат да се добијат и во Архивата на Општина Кочани и од веб-страницата на Општината, а планот можат да го видат сите заинтересирани исто така на веб страницата, графичкиот прилог е објавен, како и соопштението за јавната анкета, дополнителни информации има на огласната табла пред влезот на општинската зграда и во одделението за урбанизам во Општина Кочани, рече Марија Салтирова Јовановска од Одделението за урбанизам на Општина Кочани.

Присутните на јавната презенатција имаа забелешки за вметнување во планот на железничката линија која овде веќе е изградена и се користеше за потребите на фирмите во овој дел на градот, а мислења беа искажани и за сообраќајно поврзување со сервисни улици на постојните и планираните парцели.
 
Предложениот детален урабнистички план за градската четврт 17 во Кочани го изработи проектантската фирма “Билд“ од Скопје и по собирањето на мислењата од јавната анкета можно е да доживее извесни измени.
 
Инаку, во меѓувреме ќе треба да се добијат и мислења од надлежните министерства и јавни претрпијатија, што значи дека на донесувањето на планот ќе се почека извесен период, односно можно е неговата важност да започне од наредната година.
 
Т. Ајтовски
 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 74 гости и нема членови


web counter



qr code