Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

iliev dimitrovski14.09.2017  Николчо Илијев, стопанственик и директор на компанијата ИНТ е кандидатот на СДСМ за градоначалник на Кочани на претстојните локални избори. Таков заклучок бил донесен во средата вечерта на состанокот на кадровската комисија на општинската организација на социјадемократите, а истиот бил потврден и од страна на Извршниот одбор.

На истиот состанок се утврдувала и предлог-листата за членови на општинскиот Совет, по што е заклучено дека треба да се вметнат и имињата на кандидатите од коалиционите партии.

Оваа информација ја телефонски ја потврди и претседателот на ОО на СДСМ, Сашко Костов, кој поради обврските во Парламентот беше службено отсутен од партиското седиште.

- Значи, Николчо Илијев е кандидат за градоначалник на СДСМ, односно оди како натпартиско решение со поддршка на членовите и активистите на СДСМ. Носител на советничката листа исто така едногласно е докторот Томче Солевски, хирург. На второ место е едно исто така познато име, стопанственик од Кочани, Благој Ситновски, за кој исто така сакам да потенцирам дека се работи за вклучување на граѓаните на листата на СДСМ, тој не е член на СДСМ, меѓутоа како успешен стопанственик сметавме дека треба да дадеме простор и можност на луѓе кои значат во општествениот живот во Кочани, да дадат целосен придонес кон развојот на граѓанскиот концепт и подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани во општина Кочани, рече Сашко Костов, претседател на ОО СДСМ – Кочани

Според Костов, изгледот на предлог-листата за советници е во договор со партиите од коалицијата, од каде веќе се добиени дел од имињата.

- Најавите беа за 5 коалициони партнери, меѓутоа ВМРО-НП вчера го откажа учеството на локалните избори, остануваат 4 коалициони партнери. Сметам дека од таму како лица веќе се  потврдени Сашко Стефановски од НСДП, Дени Богатинов од ЛДП, досегашниот советник од ПЦЕР е исто така и од ДОМ се уште не знам за кое лице се работи, но во текот на денот ќебиде утврдено и тоа лице, рече Сашко Костов, претседател на ОО СДСМ - Кочани.

Костов потенцираше дека кандидатурата на Николчо Илиев за градоначалник едногласно е поддржана од сите членови на партијата, со што на локалните избори ќе се понуди граѓански концепт, во кој нема да доминираат политичките, туку интересите на сите граѓани. Одлуката за изборот на Илиев била донесена поради неговата успешност како стопанственик и менаџер на компанија која со години се вбројува меѓу најуспешните и најбрзорастечки во Македонија. Натпартиското решение е оценето како современо и демократско, што треба да донесе новина во решавањето на интересите на сите граѓани.

За разлика од СДСМ, до затворањето на овие вести од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани не можеа да излезат со дефинитивни имиња на нивните кандидатските листи, со оглед што се чекала верификација на повисоко партиско ниво.

- Морам да ве известам дека денеска во 16 часот имаме закажано Централен комитет на партијата во Скопје, Извршниот комитет веќе секој ден наназад два-три дена расправа по ова прашање што е најактуелно што ги засега не само партиите, туку и граѓаните. Денеска ќе биде официјализирана листата на советници мна ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалиционите партнери, а воедно ќе биде соопштен и кандидатот за градоначалник кој ќе учествува на изборите на 15 октомври. Се уште не можат да се кажат имиња, затоа што знаете дека секогаш кога Извршниот комитет ја донесува одлуката Централниот комитет е тој што треба да ја верифицира. Јас сум член на Централен комитет и за кратко време ќе морам да одам за Скопје и ќе бидете известени во текот на денот со официјалните листи што ќе бидат приложени до ДИК, како за советници, така и за градоначалник, рече Лазо Митев, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ – Кочани.

Инаку, во меѓувреме, по одржаниот состанок на Централниот комитет на ВМРО -ДПМНЕ во Скопје, дојде потврдата дека за градоначалничка функција по трет пат ќе се бори досегашниот градоначалник Ратко Димитровски, додека носител на советничкатѕа листа ќе биде токму претседателот на Општинскиот комитет, Лазо Митев.

Во соседните општини пак, партијата ги потврдила кандидатурите на Блаже Станков за Општина Зрновци и на Горанчо Зашов за Чешиново-Облешево. Во Виница, наместо досегашниот прв човек Емил Дончев, во предизборната трка за градоначалник ќе влезе претседателот ан ОК на ВМРО ДПМНЕ, Мартин Павлов.

Од СДСМ пак, кандидат за градоначалник на Зрновци ќе биде Ванчо Митев, кој и на претходните локални избори беше кандидиран за истата функција, а носител на кандидатската листа за советници е Виктор Ангелов. Во Чешиново Облешево кандидат за градоначлник на социјалдемократите ќе биде Горанчо Крстов, кој исто така беше во трка за градоначалничката позиција и на последните локални избори. Во Виница за прв човек на Општината во предизборна битка ќе влезе Ивица Димитртов, претседател на Општинската организација на СДСМ.

Освен партиските, на изборите ќе учествува уште една кандидатска листа за советници во Кочани. Таа е веќе официјалното доставена до ОИК и потврдена, а се работи за независна листа на граѓани чиј носител е Венко Крстевски. Во Зрновци пак, независна листа за градоначалник е поднесена од Методи Николов, а на независната листа за советници носител е Владо Ристов.

Инаку, според роковникот на ДИК, официјалната потврда за прифатените предлози оттаму треба да биде соопштена до 16 септрември, а еден ден подоцна треба да започне постапката за ждребување за редоследот на гласачкото ливче.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 188 гости и нема членови


web counter



qr code