20.09.2017 Невнимателното управување моторно возило или негова неисправност придонесе за уште една сообраќајната несреќа што сепак заврши без посериозни последици.
Несреќата се се случи во вторникот доцна попладне на магистралниот пат А3 во близина на влезот на селото Чифлик. Камион со кумановски регистерски ознаки што превезувал огревно дрво и се движел во правец на Штип, излетал од патот.
Возачот не успеал да го задржи правецот на движење на товарното возило, туку тоа се превртело во блиската нива, на десната страна од коловозот. Притоа, причинета е материјална штета, но за среќа нема потешко повредени или жртви.
Поради специфичноста на локацијата каде се случи сообраќајката, возилoто останало на местото на несреќата во текот на ноќта. Во текот на денот со механизација истиот беше извлечен од нивата, а огревното дрво претоварено во друго возило.
Од МВР апелираат за поголема внимателност и прилагодување на брзината на движење за сите учесници во сообраќајот, особено на магистралниот пат А3 каде во наредниот приод се очекува поголема раздвиженост на возила и земјоделска механизација со оглед што претстојат активностите околу жетвата на оризот.
Т. Ајтовски