Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pres nikolco125.09.2017  На првиот ден од предизборната кампања кандидатот за градоначалник Николчо Илијев ја одржа својата прва прес-конференција на која направи кратко резиме на дел од поважните проекти со кои ја бара поддршката од граѓаните на општина Кочани.

Во придружба на кандидатите од листата за советници на коалицијата на СДСМ, Илијев зборуваше за потребата од позитивен амбиент во кој граѓаниинот ќе биде на прво место.

Притоа, истакна дека неопходно е да се работи на проекти за подобра иднина на целата општина.

- Тоа значи дека ќе градиме по план – ќе обезбедиме инфраструктура за сите. Улици, патишта, водоводи, канализации, според потребите на граѓаните. Подеднакво и во градот и во селата. При градењето и планирањето најстрого ќе водиме сметка за здрава живота средина. Чистата вода и воздух не се луксуз, туку потреба на сиот жив свет. Јавното комунално претпријатие мора да нуди професионална услуга, преку намалени трошоци за граѓаните. Депонијата во Бели да се дислоцира. Должни сме да го вратиме рејтингот на Кочани како најчист град во државата. Да обезбедиме услови за здрав живот за сите, Николчо Илијев, кандидат за градоначалник на Кочани поддржан од коалицијата на СДСМ.

Во обраќањето до граѓаните Илијев ја нагласи и потребата од взаемна соработка и услови за достоинствен живот на сите граѓани.

- Наша заложба ќе биде да обезбедиме повеќе пари кај граѓаните и за општината. Да ги здружиме стопанствениците, општината и граѓаните, со единствена цел – нови и подобро платени работни места. Чесната и одговорна работа ги носи парите директно кај граѓаните. Општината мора да биде отворена и услужна. Граѓаните да учествуваат во креирањето на буџетот, во носењето одлуки и во контролата на власта. Правилно располагање со приходите и разумно трошење. Чесно и одговорно – за да има живот за сите! Сега е вистинскиот момент да воспоставиме нови стандарди во работењето и во живеењето во нашата општина. Да има живот во Кочани за сите! Јас сум Илијев Николчо, а Кочани е мојата општина, додаде Илијев.

Илијев најави дека во рамки на кампањата, и во наредните денови предвидени се негови обраќања до гласачите, преку кои ќе ги претстави проектите што треба на општината да и донесат поразличен квалитет на живеење и развој од досегашниот.

Т. Ајтовски

 
2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: NNE при 9 kmh
Недела2°C/12°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 110 гости и нема членови


web counter



qr code