Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

stojan raskov25.09.2017  Спомен домот АСНОМ, некогашен симбол за доедукација и култура на младите во Кочани, ќе го врати стариот сјаj и својот углед. Иницијатива и проект за тоа постои и со средства од општинскиот буџет може да се реализира, беше речено на прес конференцијата што ја организираше изборниот штаб на Независната листа за советници, носител Венко Крстевски.

- Мултифункционалниот Младински центар е проект кој ќе биде финансиран од идната локална власт со дотации од 5% од вкупниот буџет на Општина Кочани за младински политики и проекти на младите. Центарот ќе поседува канцеларии, сала за прес-конференции и простор кој ќе биде бесплатно отстапен за настап и проби на бендови, диџеи, актери, сликари, уметници, со цел успешно реализирање на нивните потреби.

Музичката школа ќе добие дополнителна финансиска помош и ќе биде простор обезбеден за Co-working. Младинските организации ќе добијат простор за зајакнување на нивните капацитети и пренесување на нивното знаење на младите, рече Стојан Рашков од Независната листа за советници – носител Венко Крстевски.

Рашков рече дека се залагаат за поголема анагажираност и вклучување на младите луѓе во носењето одлуки што се од нивен интерес.

- Преку Младинскиот центар во Советот на Општина Кочани ќе извршиме реизбор на нови членови на Локалниот младински совет и ќе го ставиме во фунцкија во транспарентна постапка, со претходна консултација на сите младински организации и младински работници од градот. Идејното решение за нов изглед на објектот ќе биде доделено на студенти и неодамна дипломирани архитекти од Општина Кочани, со цел да го валоризираат своето знаење и труд во објект кој ќе биде од големо значење за младата популација во градот. Затоа, обраќајќи се кон сите вас кои со децении очекувате независна граѓанска иницијатива за општесвена самообнова, ве информираме дека ќе вложиме максимални напори вашите идеи и искрени желби за поинакво и поубаво Кочани да станат реалност! Да си подадеме рака! За нашата општина! За нашето драго Кочани, додаде Рашков.

На прес-конференцијата што ја организираше изборниот штаб на Независната листа за советници – носител Венко Крстевски беше речено дека преку европските образовни програми и мобилност постои можност за доедукација преку процесот на неформално образование на учениците од градинките, основите и средните училишта со цел подобрување на воспитно-образовниот процес и образување на квалитетни ученици.

T. Ајтовски

 

 
2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 88 гости и нема членови


web counter



qr code