Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

protest blatec25.09.2017  Локалниот пат во близина на православната црква “Св. Илија“ во Блатец изутрината беше блокиран од жителите на селото кои излегоа на протест против одлуката да се гради мала хидроцентрала на реката Блатешница. Со транспаренти и земјоделска механизација го попречуваа движењето кон падините на Плачковица, односно кон локацијата каде што претпладнето требало да започнат активности за маркирање на теренот.

Хидроцентралата е со проектирана моќност од 606 киловати, при што за неа нема да се гради брана или зафат, туку водата до турбината ќе се спроведува со цевковод во должина од 3 километри.

Од Советот на Месната заедница на Блатец рекоа дека тие се организатори на блокадата на патот, затоа што сметаат дека селото и целиот регион ќе имаат повеќе штета отколку придобивки од планираната инвестиција.

- Сметаме дека оваа хидроцентрала ќе го зафаќа поголемиот дел од водата и тие ќе направат еколошка катастрофа на тој дел реката во должина од 3 километри, а уште поголем е проблемот што дел од водоводот што го користиме ние во Блатец се наоѓа, значи зафатото на водоводо се наоѓа во средината на тој цњевковод. Значи, оттука се појавува и проблемот за водоснабдувањето на нас како жители. Друг проблем е што голем дел од каналите за наводнување на еден дел од селото исто така се наоѓаат на таа траса. Значи, постои можност и тој дел од полето или тие бавчи во атарот на нашето село да бидат пресушени, рече Благој Анакиевски, член на Советот на МЗ Блатец.

Освен овие проблеми, жителите на Блатец сметаат дека за изградбата на хидроцентралата ќе биде потребно минирање на карпите на теренот каде треба да поминува трасата на цевководот, со што ќе се нарушат подземните текови и ќе дојде до пресушување на чешмите или заматување на водата што тече од нив.

- Овој отпор е врв на целата наша голгота која трае неколку години, што се обидувавме да ја решиме преку институциите, меѓутоа не наидовме на слух, имаше многу ветувања, малку реализација. Главниот проблем е што со доделување на концесија или со распишување на тендерот за концесија, месното население ниту некој го консултираше, ниту направи една јавна дебата за градбата, додфава Анакиевски.

Од Месната заедница на Блатец рекоа дека нема да дозволат да се гради ниту хидроицентрала, ниту каков било објект што ќе ја наруши природната средина. Од надлежните државни и други органи очекуваат позитивен одговор на нивното барање за стопирање на инвестицијата.

Рекоа дека со протестите ќе продолжат и во наредните денови, се додека не добијат потврда дека објектот нема да се гради.

T. Ajтовски

 

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: NNE при 9 kmh
Недела2°C/12°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 114 гости и нема членови


web counter



qr code