26.09.2017 Кандидатот за градоначалник на општина Зрновци од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Блаже Станков, на прес пред новинарите ја претстави својата изборна програма со конкретни проекти и рокови за нивно реализирање, како и кандидатите за општински Совет чиј носител е Душко Ѓорѓиев.
- Реализираните проекти во изминативе години преку вложување во инфраструктурата, изградба на повеќе од 30 улици, четирите локални патишта, двата полски патишта, регионалниот пат Видовиште – Теранци, двете новоизградени фекални канализации во Мородвис и Видовиште, новите паркови, спортските терени.
Забавните паркови за најмалдите, плоштадите, регулација и уредување на речните корита на Зрновска, Морошка и Видовишка река, новоизградените цркви во Мородвис и Видовиште, детската градинка, реконструкција на општинската зграда, етно куќата, изградбата на регионалниот етно парк и многуте други реализирани проекти, верувам дека ќе ве насочат да го најдете одговорот при носење на одлуката при изборот на кандитат за градоначалник и понудената листа на кандидатите за Совет на општина Зрновци, рече Блаже Станков, кандидат за градоначалник на Општина Зрновци од коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ.
Во изборната програма според Станков се поместени проекти кои што се однесуваат за подобрувањето на животот во трите населени места од општината како што се реконструкција на секундарната водоводна мрежа и изградба на резервоар за вода во Зрновци,изградба и асфалтирање на неколку локални патни правци во Зрновци, Мородвис и Видовиште, бетонирање на земјени вади за квалитетно наводнување на земјоделските површини, како и изградба на пат до археолошкиот локалитет „Манастириште“ во село Мородвис.
На крајот од својот прес пред новинарите Станков ги повика граѓаните на 15 октомври да го дадат својот глас за кандидатот за градоначалник и составот на советничката група од редовите на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.
Т. Велкова