Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
sdsm-vmronp28.09.2017  Коалицијата предводена од СДСМ секојдневно добива се поголема поддршка од граѓаните, поради што на локално ниво е постигнат договор за соработка со уште една партија, рече Сашко Костов, претседател на општинската организација на СДСМ од Кочани на прес-конференцијата што се одржа во партиското седиште.
 
Притоа додаде дека очекува позитивни резултати од соработката што двете партии ја имале и досега во Советот на Општина Кочани.

- Нашата визија, нашите проекти, нашата единствена цел “Живот во Македонија за сите“, не обединува заеднички да го постигнеме зацртаното. На коалицијата составена од 22 партии, во Кочани и се придружи и ВМРО - Народна партија за да учестува во враќањето на животот за сите граѓани во нашата општина. Ние и досега имавме успешна соработка, особено во Советот на Општината, каде заедички ги застапувавме интересите на граѓаните. Со приклучувањето на ВМРО - Народна партија кон коалицијата уште еднаш потврдуваме дека сите ние - леви, десни и партии од центарот, го слушнавме гласот на граѓаните, кои сакаат заедништво наспроти поделби. Ние сме за фер и демократски избори и се обврзуваме заедно и бескомпромисно да работиме во одбрана на правдата, вистината и иднината. Затоа ги повикувам членовите и симпатизерите на ВМРО-НП и сите граѓани да ни ја дадат поддршката на овие локални избори за да го вратиме животот за сите во општина Кочани, рече Сашко Костов, претседател на СДСМ – Кочани.

Постигнатиот договор меѓу двете партии го потврди и претседателот на ОК ВМРО-НП, Живко Сенесов, а одлуката за тоа ја донело локалното раководство на партијата.

- ВМРО – Народна партија ОК Кочани ги информира членовите, симпатизерите и јавноста дека донесе одлука на претстојните локални избори што ќе се одржат на 15.10.2017 година да даде целосна поддршка за кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ, односно на кандидатот за градоначалник на Кочани, господинот Николчо Илијев и на советничка листа на коалицијата на СДСМ за општина Кочани, рече Живко Сенесов, претседател на ОК ВМРО-НП – Кочани.

На прес-конференцијата беше речено дека со постигнувањето на договорот за проширување на коалицијата на локално ниво, партиите на партнерска основа заедно можат да постигнат подобри резултати на изборите.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 185 гости и нема членови


web counter



qr code