Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
orizni nivi neozneani02.10.2017  Земјоделците кои произведуваат ориз ќе добијат повисоки субвенции како зголемување на постојната финансиска поддршка што ја примаат од државата.
 
Ова го најави министерот за земјоделство, Љупчо Николовски кој присуствуваше на манифестацијата „Денови на оризот“, при што додаде дека производството на оваа земјоделска култура е важна за регионот, за што потврда била и досегашната исплата на субвенции од околу 90 милиони денари.

- Почитувани производители на ориз, денеска од тука, од Кочани најавувам дека оваа година Владата ќе донесе одлука за зголемување на субвенциите од 18 илјади денари за хектар засеана површина со ориз, односно дополнителни 18 илјади на постоечките субвенции по хектар.

Со ваквото значително зголемување на субвенцијата сакаме да ги мотивираме оризопроизводителитем но покажуваме и колку ни е важна оваа култура за овој регион и за Македонија. До сега за мерката засеана површина со ориз исплатена се 80 милиони денари субвенции, а за произведена и предадена арпа околу 15 милиони, рече Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

Освен финансиската поддршка во оризопроизводството, министерот Николовски најави и реализирање проекти за испитување на можностите за воведување нови сорти ориз, а во соработка со кинеската влада.

- За нас е многу значаен проектот за поставување демонстративно поле за одгледување нови хибридни сорти ориз со потекло од Кина, што се карактеризираат со висок квалитет и значително поголеми приноси. Подобрувањето на сортниот состав на оризот, како важна житна култура за Република Макеоднија, согласно барањата на пазарите е неопходно доколку сакаме да го зголемиме пласманот и неговата конкурентска способност. За таа цел, ќе отпочне соработка помеѓу Националниот истражувачки центар за хибриден ориз од Кина, од каде ќе биде пренесена оваа напредна технологија за производство, земјоделскиот универзитет од Пловдив, Бугарија и Институтот за ориз од Кочани, додаде Николовски.

Николовски најави дека кон крајот на октомври претставници од Кина и од Бугарија ќе го посетат кочанскиот регион за да се запознаат со состојбата и да се утврдат натамошните чекори за започнување на планираниот проект.

Т. Ајтовски

 

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 160 гости и нема членови


web counter



qr code