Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
ilijev sport103.10.2017  Општината е должна да обезбеди развој на масовниот спорт и на рекреативните активности на граѓаните, како и на училишниот, студентскиот и спортот за лицата со посебни потреби, рече на прес-конференција Николчо Илијев, кандидат за градоначалник на Кочани од коалицијата на СДСМ.
 
Симболично обраќајќи им се на граѓаните од стадионот “Никола Мантов“, Илијев рече оти спортската јавност подолг период барала поголем буџет за спортот и поддршка од локалната власт, а дека тој е подготвен позитивно да одговори на тоа.
 
- Како кандидат за градоначалник сметам дека Општината мора да му биде сојузник на спортот. Од општинскиот буџет мора да се издвојат повеќе пари за спортот. Пари што ќе бидат правилно, транпарентно наменети и чесно и отчетно потрошени од спортските здруженија и клубови. Со добро стопанисување, пари во спортот можат да доаѓаат и од бизнис-секторот. Добра локална економија може да овозможи поголема поддршка на спортот. За спортско Кочани ќе ги мотивираме сите клубови и поединци за упорно тренирање и постигнување резултати: фудбалерите, кошаркарите, ракометарите, борачите, гимнастичарите, каратистите. Жално е клуб како што е шаховскиот да нема простории и услови за работа. Ние ќе обезбедиме соодветен простор за тренинг на сите спортски здруженија и клубови. Дипломираните спортски работници ќе ги поддржиме да ги реализираат своите знаења и можности во спортот, рече Николчо Илијев, кандидат за градоначалник на Кочани поддржан од коалицијата на СДСМ.

Освен помогањето на спортските клубови и спортистите поединечно, неопхподни се услови за нивно работење, што според Илијев исто така ќе добие соодветна грижа од новата локална власт, при што ќе се вложат повеќе пари во спортските објекти, во опремата и во стручниот кадар.

- Се залагаме за реконструкција и целосно оспособување на спортските објекти, нивно одржување и осовременување. Ќе работиме така што спортските екипи да бидат амбасадори на Кочани. Само така можеме да очекуваме успеси во спортот, додаде Илијев.

Вложувањето во спортот е дел од предизборната програма на Илијев, според кого со правилното насочување на буџетските средства можат да се добијат подобри резултати и успеси на спортски план.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 151 гости и нема членови


web counter



qr code