Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
pres vmro nevrabotenost03.10.2017  - Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ вети дека ќе ја намали невработеноста, ќе се сложите дека тоа е добра причина за да се работи, како ветивме, така и направивме. Резултатите се гледаат. Резултат број 1 - 2006 година Кочамни имаше 12 илјади лица, сограѓани кои се од едната или од другата партија, а кои се невработени.
 
Денеска бројот на невработени изнесува 3.800 лица, ваквото трикратно намалување на невработеноста е резултат на два доминантни фактори а тоа е активните мерки за вработување и привлекувањето на странски инвестиции во Општината. Кочани го доби “Амфенол“ – американска компанија која претставува странска инвестиција од 6 милиони евра, рече на прес-конференција Лазо Митев, носител на листата за советници за Општина Кочани од ВМРО-ДПМНЕ.
 
Кочани ја доби и “Антура“ холандска компанија која изгради репроцентар за цвеќе. На крајот од 2015, „Антура“ во Кочани има вработено 163 лица. Кон крајот на 2016 година, бројот на вработени лица во компанијата се зголемува и изнесува 278. А која е причината што овие инвестиции дојдоа во нашата општина? За да дојдат странските инвестиции беа потребни реформи, донесување на акти , инвестирање од страна на општината, менување на амбиентот во Кочани.
 
Локалната самоуправа со подршка од советниците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, го стори сето тоа. Советот на општината одобри и даде залеено светло за изградба на приклучок кон фекална канализација во вредност од над 8 милиони денари, односно како локална самоуправа изградивме водовод и одводна канализација, тротоари, поставивме улично осветлување, работевме на целосно инфраструктурно уредување на овој дел, овие мерки беа клучни за тоа што „Антура“ дојде во нашата општина, додаде Митев.
 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 149 гости и нема членови


web counter



qr code