Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
DOKTORI predavanje03.10.2017  Центарот за јавно здравје - Кочани и Здружението на лекари „Примариус“ од Кочани, во соработка со дијагностика „Авицена“ од Скопје организираше стручен состанок на тема „Дијагноза на атипични респираторни инфекции“.
 
Од Центарот за јавно здравје Кочани велат дека темата е повеќе од потребна за лекарите и е од голема корист за нив и за пациентите посебно во време на преод од повисоки кон пониски температури.

- Неслучајно го избравме овој период од годината кога респираторните инфекции стануваат актуелни и погодени се и возрасните и помалите. Состанокот е со цел да се актуелизира прашањето за пнеумониите, респираторните инфекции, современите дијагнози за навремено детектирање и третирање. Посебен осврт ќе даде д-р Лујза Жарова од Центарот за јавно здравје и д-р Даниела Наунова Спироска од „Авицена“ Скопје, рече Магдалена Манасиева, директор на Центар за јавно здравје Кочани.

На состанокот, на кој беа присутни лекарите од цела Источна Македонија се зборуваше за Методите за современа дијагноза на атипични респираторни патогени инфекции како и за значењето на атипичните пневмонии и нивната микробиолошка дијагноза, болести од кои не се поштедени ниту возрасните ниту најмалите лица, а се карактеристични за овој период од годината, затоа од големо значење е нивно навремено дијагностицирање и третирање.

Т. Велкова

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 161 гости и нема членови


web counter



qr code