Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pres sdsm tome pari04.10.2017  Управувањето со парите од буџетот на Општината, нивното наменско трошење и отчетност за сработеното беше темата на прес-конференцијата што ја организираше Општинската организација на СДСМ од Кочани.

Носителот на листата за советници на коалицијата што ја предводи оваа партија, Томе Солевски потенцираше дека ќе запре неразумното трошење на парите на граѓаните за непотребни цели.

- Подолг период парите на граѓаните се трошат неразумно, расипнички. Пари за фантастични ручеци, скапи автомобили, за семејни патувања, луксузирање на сметка на граѓаните. Се нагледавме на исполнување лични желби и страст за поголема моќ. А граѓаните, газат по ископани асфалти, родители молат за сместување на нивните деца во градинките. За спортски и културни објекти нема пари за одржување. Училиштата тонат во баснословни долгови. Почитувани сограѓани, општинскиот буџет треба да ги следи потребите на сите граѓани. Кратењето на непотребните трошоци е приоритет за нас. На тој начин парите ќе одат кај граѓаните – таму каде што припаѓаат. Ќе има повеќе за улици, тротоари, култура, спорт, за поддршка на локалната економија, за младите и старите, за учениците, студентите и земјоделците. Подеднакво за сите. Такво домаќинско управување ќе биде првиот чекор кон подобар живот: за нови работни места, повисоки плати и целосен напредок на општината. Парите мора да се наменуваат за потребите на граѓаните. Да има подобар живот за сите, рече Томе Солевски, носител на листата за советници од коалицијата на СДСМ.

Според Солевски, наменското и отчетно трошење на парите на граѓаните е една од заложбите во предизборната програмата на кандидатот за градоначалник што го поддржува коалицијата предводена од СДСМ. Затоа и листата за советници застанала зад него, со определба да помогне во реализирањето на ветувањата по конституирањето на новата локална власт.

По прес-конференцијата, носителот на листата за советници на СДСМ, Томе Солевски од име на партијата го осуди чинот на вандалско однесување и оштетување на рекламен материјал.

- Го осудуваме денешниот чин случен на партиски штаб на вмро дпмне и ги повикуваме сите партиски активисти да се воздржат од било какви дејствија со кој ќе се фрли дамка врз целиот изборен процес со оглед на тоа што нашата кампања е позитивна и таква ке остане до крај, рече Солевски.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 169 гости и нема членови


web counter



qr code