Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

osteten stab vmro04.10.2017  Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во насeлбата „Усова Чешма“, како и повеќе билборди на територија на Општина Кочани биле вандализирани со пораки со политичка содржина.

Партијата ги пријави инцидентите во канцеларијата на ОБСЕ и во МВР со барање да се преземат соодветни законски мерки за пронаоѓање и утврдување на одговорност на сторителите, рече на прес-конференција Лазо Митев, претседател на ОК ВМРО-ДПМЕ од Кочани и носител на листата за советници.

- Се надевам дека навременото реагирање на надлежните ќе го спречи овој  однос кон политиката и ќе спречи понатамошно ескалирање на настаните преку заплашување и компромитирање на демократските процеси.  Ваквите вандалски чинови и акти се по нечии налог и нечие укажување, бараме од опонентите да се потсетат на кодексот кој беше потпишан и да постапуваат по истите. Единствен начин да се спречи ваквото однесување е да се пронајдат виновниците и да ја понесат одговорноста за своите постапки, рече Лазо Митев, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ – Кочани.

Митев рече дека и покрај ваквите настани, неговата партија ќе продолжи со фер и демократска кампања.

- Како носител на листата и претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Кочани ви порачувам и ви ветувам дека инцидентите, пораките на заплашување или вандалското однесување, нема ја обесхрабрат партијата да го задржи политичкото достоинство, покрај ваквите и слични провокации ВМРО ДПМНЕ ќе продолжи да ја води кампањата на високо демократско ниво со една единствена цел а тоа е развојот и напредокот на општина Кочани, додаде Митев.

Инаку оштетувањето на изборниот штаб и на рекламниот материјал на ВМРО-ДПМНЕ се случило во вечерните часови меѓу вторникот и средата.

T. Aјтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 172 гости и нема членови


web counter



qr code