Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sednica sovet posledna04.10.2017  Ефективно само 10 минути траеше последната седница на актуелниот состав на Советот на Општина Кочани.

Иако во заминување, советниците одлучија на десетина дена пред официјалното истекување на мандатот да заседаваат уште еднаш и да разгледаат само три точки. Сепак, разгледувањето траеше многу кратко, бидејќи никој не се јави за дискусија, а и самите точки не беа доволно атрактивни за расправа.

Утврдувањето на Буџетскиот календар на Општината за 2018 година, како и двете точки од областа на урбанизмот, што и вообичаено досега поминувале само формално, одзедоа повеќе време додека претседателот на Советот ги читаше, отколку што траеше гласањето за нив.

Поради тоа, се поставува прашањето дали толку неопходно беше да се одржи оваа седница во актуелниот состав на Советот, иако имаше оправдување дека Буџетскиот календар е неопходно да се донесе во законски утврден рок. Сепак, трошењето пари за организирање на седницата, за загревање на салата и паушалот за советниците од по 12 илјади денари очигледно не беа доволна провокација состанокот да се одложи и да му се препушти на новиот советнички состав.

Затоа, единствената потреба за ваква и толку кратка седница може да се сфати како личен, наместо како интерес на граѓаните. Овој советнички состав памети и рекордно долги заседавања што траеле и по десетина часови, со одложувања и продолженија, но овојпат рекордот е постигнат со минималистички пристап.

Ако не беше паузата од 5 минути, што без видлива причина ја побара претседателот на Советот, тогаш советниците на нивното последно официјално среќавање во овој состав веројатно и побрзо ќе ги напуштеа советничките клупи.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 173 гости и нема членови


web counter



qr code