Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

potpisuvanje deklaracija04.10.2017  Под мотото “Обврска сега за денот потоа“ претставници од граѓанските здруженија во Кочани и кандидатите за градоначалник и советници потпишаа декларација за соработка што ќе опфаќа повеќе области. 

На средбата на платото пред ЦК Бели мугри“, кадешто се потпиша Декларацијата, беше речено дека граѓанскиот сектор управувачите на локалната власт ги гледа како партнери и подржувачи во заедничките креирања на политики, планирања и спроведувања на конкретни планови, предлози и мерки, како на локално, така и на национално ниво.

Со ставањето потпис, договорните странки се обврзуваат во наредниот период да соработуваат во областа на социјалната и трудовата политика, како и во опфатот на младите, образованието, здравствената политика, одржливата животна средина и зелениот енергетски систем.

Иако на чинот на потпишување на документот не беа присутни сите претставници од учесниците во предизборната кампања, од граѓанските здруженија изразија задоволство што е постигната обострана согласност за соработка.

- Денеска имавме чест и задоволство да се потпише декларација за соработка со граѓанските организациии од општина Кочани од страна на претставниците на кандидатите за градоначалник  и советничките листи. Од поканетите присутни беа дел, останатите кандидати за градоначалник и претставници на советнички листи ќе ја потпишат декларацијата, а таа ќе се наоѓа во просториите на здруежението на Роми “Авена“ во Кочани и ги повикувам сите граѓански органзиацииза потпис кој што ќе може да се стави на отворениот список во Декларацијата за соработка со граѓанскиот сектор на општина Кочани и идните локални власти, рече Жаклина Паунова Ангелковиќ од Здружението “Еднакви за сите“ - Кочани.

Граѓанските организации од Кочани очекуваат дека начелно постигнатата согласност за соработка ќе се реализира во практика по завршувањето на локалните избори и конституирањето на новата локална власт.

Слични документи беа потпишувани и во изминатите изборни циклуси, а меѓусебната поддршка на двете страни функционираше на задоволително ниво.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

11°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 47%
Ветер: WNW при 2 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
Недела6°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 140 гости и нема членови


web counter



qr code