Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
dimitrovski parceli mladi05.10.2017  Животот на младите сограѓани во Кочани ќе го направиме подобар со тоа што ќе им овозможиме услови да останат да живеат овде, рече кандидатот за градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски во своето обраќање до јавноста.
 
На локација во населбата Драчевик вети дека доколку ја добие довербата од гласачите за нов четиригодишен мандат, ќе се реалзира проект со кој по поволни услови на младите ќе им се овозможи евтино да дојдат до сопствен дом.

- Со овој проект се планира да се обезбедат нови и евтини домови, евтини куќи за младите, за да си стекнат младите свој дом, кај што ќе растат среќни семејства. Онаму каде што СДС би можеле да планираат да ни ги населат мигрантите ќе има нова населба, ама за нашите сограѓани. Да, за нашите млади сограѓани од ова место во населбата Драчевик, поточно на локацијата над каналот каде што Општина Кочани има градежно земјиште на површина од 16,5 хектари, ќе има нова населба за нашите сограѓани кадешто ќе се предвидат повеќе од 100 парцели за младите како би се стекнале со евтина куќа по најповолни услови, рече Ратко Димитровски, кандидат за градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ.

Димитровски рече дека за локацијата се изработува нов Детален урбанистички план со што истата би се поделила на парцели од по 200 до 250 метри квадратни и потоа со одлука на Советот би им се доделиле на младите бесплатно, при што ќе бидат ослободени од плаќање надместок за комуналии.

- Со такви услови, со земјиште без пари, со ослободување од комуналии, младите кочанчани за себе ќе можат да си изградат куќа која ќе ги чини 250 до 300 евра метар квадратен., па така, за куќа од 80 до 100 метри квадратни би чинела 20 до 30 илјади евра. Драги сограѓани, со овој проект Општина Кочани директно би им излегла пресрет на младите семејства во општината и вака би им дала стимул за подобар живот во Кочани, додаде Димитровски.

На крајот од ообраќањето до јавноста, Димитровски рече дека кандидатите за градоначалник на Кочани треба да покажат искреност и почит кон своите сограѓани, како и да имаат јасна визија и конкретни мерки за секој жител на општината. Притоа, вети дека тој и ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат со уште поголема енергија и поголема желба за поубаво Кочани.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 171 гости и нема членови


web counter



qr code