Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
rpes sdsm lista socijalni05.10.2017  Ранливите групи граѓани во нашата општина не се за потценување, а многу лица се маргинализирани од системот, меѓу кои инвалиди, болни со тешко нарушено здравје и со посебни потреби, деца без родители и родителска грижа. Новата локална власт ќе им помогне со обезбедување повеќе пари за нивните потреби, беше речено на прес-конференцијата што ја организираа претставници од листата за советници на коалицијата предводена од СДСМ.

- Поддршката на луѓето е најважна, затоа што нема ништо поважно од животот и од здравјето. Барањата на ранливите категории граѓани не се за во фиока. Тие не може да чекаат! Односот кон сите мора да биде почовечен. Ќе се заложиме да намениме повеќе пари и да им помогнеме на сите ранливи групи. Локалниот систем треба прв да помогне. За да ги спречиме и да ги надминеме основните социјални ризици на кои е изложен граѓанинот во текот на животот, рече Наталија Ѓоргиева од листата за советници од коалицијата на СДСМ.

Ѓорѓиева рече дека заложба на новата локална власт ќе биде намалувањето на сиромаштијата и социјалната исклученост и да му се помогне на граѓанинот за негова сопствена заштита.

- Почитувани сограѓани, испораката на услугите мора да биде функционална. Да проработи, конечно, Дневниот центар за деца со попреченост, да се реши проблемот со домувањето на лицата од Старата касарна. И да престане еднаш засекогаш злоупотребата на овој вид услуги, затоа што никој не смее да си поигрува со човечката мака. Да изградиме доверба кај граѓаните – дека Општината може да помогне. Да пружиме рака во вистинско време и тогаш кога е најпотребна! За подобар живот во Кочани. Подеднакво за сите, додаде Ѓорѓиева.

Според Ѓоргиева проектите за решавање на проблемите на социјално ранливите категории граѓани е дел и од предизборната програма на кандидатот за градоначалник што го поддржува коалицијата предводена од СДСМ, поради што заеднички, со мнозинството во Советот овие проекти полесно ќе се реализираат.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 178 гости и нема членови


web counter



qr code