Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
ilijev den-ucitel05.10.2017  Вработените во образовниот сектор работат во страв и под притисоци. Директори на некои училишта во работно време одат на партиски пресови.
 
Образовниот систем е на колена. Анализите покажуваат дека имаме уништени и неписмени генерации. Училиштата имаат сериозни кадровски проблеми, натрупани финасиски долгови.
 
Наставниците од свој џеб издвојуваат пари за организирање на наставата. Учителот нема никакви услови да ги образува учениците. За воспитниот елемент и да не зборуваме. Штетите допрва ќе ни бидат испорачани.

Почитувани учители! Денеска, на вашиот празник, на Светскиот ден на учителот, ви порачувам да не се обесхрабрувате. Не дозволувајте да ја потценуваат вашата улога. Вие не треба да бидете партиски војници. Време е да се ослободите од партиските стеги кои ви се наметнати не по ваша желба.

Учителот е стожер на општествениот систем. Време е да го вратиме неговиот углед и достоинство. Тој да се посвети на создавање нови квалитетни кадри и потенцијали. Да изградиме подобра иднина за сите!

Мора да ги обезбедиме сите услови за изведување и правилно организирање на наставниот процес, за безбеден престој на учениците и квалитетно образование и воспитание. Сега е вистинскиот момент да воспоставиме нови стандарди во работењето и во живеењето во нашата општина. За подобар живот на сите во Кочани, рече Николчо Илијев, кандидат за градоначалник на Кочани, поддржан од коалицијата на СДСМ.

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 174 гости и нема членови


web counter



qr code