Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pres sdsm kultura06.10.2017  Општина Кочани во изминатите години работеше без стратегија за унапредување на културата, туку се течеше стихијно и според произволни критериуми.

Време е работите да се стават на здрава основа, а настаните и објектите од културата да го добијат вистинското место во општеството, беше речено на прес-конференцијата на листата за советници од коалицијата на СДСМ, што се одржа на платото пред ЦК “Бели мугри“, нагласувајќи дека современите културни текови се далеку од Кочани.

- Кочани е во културна апатија во која царува личниот интерес. Младинските културни иницијативи се неприфатливи за локалната власт. Културно-историските објекти пропаѓаат. Споменикот на слободата е оставен на забот на времето, неискористен. Генијалноста што му ја подари Чемерски на Кочани, за локалната власт е небитна. Општината ја водат лица  што немаат сенс за неговото значење. Некогашната кино сала одамна чека на реконструкција. Мултикултурниот центар е во трулеж и влага. Од ветениот музеј во Кочани остана лагата. Никој не размислува за заштита на старите автентични кочански градби. Стришанскиот сокак пред очи ни се распаѓа. Локалната културна историја исчезнува како непотребна, рече Гордана Антова од листата за советници од коалицијата на СДСМ. 

Антoва порача дека е време да се прекине со негрижата кон културното наследство, а за да се изгуби и она што преостанало.

- Кочани, конечно да добие музеј. Локубија и Споменикот на слободата да бидат култно место. Да го вратиме театарскиот живот. Да покажеме човечки однос кон идните генерации – грижејќи се за културното наследство. Културата мора да биде фактор на обединување: на децата, младите и старите, на Македонците, Ромите, Власите, Турците, на сите жители на Кочани, додаде Антова.

Антова ги повика граѓаните да се запознаат со проектите од културата и другите сфери на општествениот живот што ги нуди коалицијата што ја предводи СДСМ, а дека дел од нив ќе бидат претставени и на митингот што ќе се одржи в сабота на платото во Трговскиот центар со почеток од 20 часот.

T. Ajтовски

 

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 176 гости и нема членови


web counter



qr code