Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
miting sdsm kocani 201709.10.2017  Време е за промени во локалната власт за да се реализира нова визија за поинакво, посовремено и европско Кочани во кое Oпштината ќе биде отворена за сите граѓани.
 
Пред нас стојат многу проекти што треба да се реализираат за да се овозможи подбар живот за сите, беше речено на митингот на коалицијата предводена од СДСМ што се одржа на платото во Трговскиот центар.
 
Со огномет и аплауз пред присутните членови, симпатизери и други граѓани беше претставена листата за советници на Општината, при што носителот Томе Солевски порача дека завршува периодот на расипничко трошење на парите на граѓаните за непродуктивни цели.

- Осум ипол години парите собрани од вас, од граѓаните, локалната власт ги трошеше како што сака. На прво место се ставаа себеси и своите семејства. Си вработуваа снаи, ќерки, зетовци, местеа тендери на братучеди, делеа со пријатели. И нивните сопартијци го кажуваат тоа. Епа, готово е! Заврши нивната ера на проневера! Нова ера не ни треба, рече Томе Солевски, носител на листата за советници на коалицијата предводена од СДСМ.

Пред присутните на митингот, кандидатот за градоначалник Николчо Илијев најави дел од проектите што ќе имаат приоритет во наредниот четиригодишен мандат. Притоа, ги потенцираше гасификацијата, развојот на локалната економија, решавањето на сообраќајниот хаос, поголемото внимание за земјоделците, простор за лицата со посебни потреби, патеки за велосипедистите, поддршка на спортот и културата и враќање на епитетот „Најчист град“.

- Доста со тоа користољубие и себељубие, доста со нееднаквиот пристап, доста со притисоци и мобинг. Да ставиме крај на своеволното трошење на парите собрани од сите нас да се ослободиме од партиските стеги. Тоа што не сум политичар не го сметам за хендикеп. Затоа што на Општината ѝ треба искрен и чесен менаџер. Размислувам запроекти и вреднувам резултати. Локалната средина ја гледам како едно големо семејство, во кое секој е подеднакво важен. Задоволни и среќни граѓани - тоа е огромен мотив за заедничка борба. И обврска која повикува да ги вложам сето мое знаење, искуство, енергија. Предност ќе имаат знаењето и квалитетот, професионалноста и непристрасноста во работата. Ова е охрабрување на сите што сметаат дека во себе поседуваат интелектуален потенцијал – луѓе со иновативни идеи. Сега е вистинскиот момент да воспоставиме нови стандарди во работењето и во живеењето во нашата општина, рече Николчо Илијев, кандидат за градоначалник на Кочани поддржан од СДСМ.

На митингот зборуваше и претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој ги претстави досегашните реализирани мерки на државно ниво, меѓу кои минимална плата од 12 илјади денари, укинувањето на екстерното образование, укинувањето на радиодифузната такса, поевтинувањето на електричната енергија, исплатите на субвенции на земјоделците. Притоа, тој порача порача дека нова ера не се прави со старо-нови кадри за градоначалници што ги нуди ВМРО-ДПМНЕ.

- Вечерва имам добри вести за Кочани. Николчо Илијев - Коле ќе биде новиот градоначалник на општина Кочани. Еве, вечерва ќе кажам една тајна. Нашите анкети покажаа, без никакви дилеми, Николчо е најпосакуваниот кандидат за градоначалник од сите кандидати во цела Македонија. Мудро биравме какви кандидати ќе испорачаме и еве, кандидатите се нафатија. Зошто? Заради тоа што се што имаат во градите е љубовта кон нивното Кочани. Јас знам дека заедно овие прекрасни луѓе од Советот, на чело со градоначалникот Николчо Илијев, ќе ја направат Кочани една од најдобрите општини, ако не и најдобрата во државата, рече Зоран Заев, претседател на СДСМ.

На крајот од обраќањето Заев ги повика граѓаните да и помогнат на Македонија да излезе од кризата во која е длабоко навлезена, со тоа што на 15 октомври ќе излезат масовно на избори и да го дадат свјот глас за градоначалнички мандат на Николчо Илијев и на листата за советници од коалицијата предводена од СДСМ.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/12°C
Недела6°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 220 гости и нема членови


web counter



qr code