Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
pres dimitrovski recani csr09.10.2017  Почетните активности за браната Речани започнаа во изминатиот мандат и комплетната реализација на овој капитален објект е планирана за периодот што следува, рече на прес- конференцијата кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПММНЕ, Ратко Димитровски што  ја одржа во саботата на локацијата каде треба да никне акумулацијата.
 
Притоа, додаде дека е пробиен и асфалтиран пристапниот пат, а во меѓувреме бил избран и изведувач кој требало да ја отпочне изградбата на круната за самата брана.

- Со завршување на изградбата на браната Речани ќе заживее и овој дел од нашиот прекрасен регион, што би придонел за развој спортот, рекреацијата и на планинскиот туризам во Кочани. Ние продолжуваме, не се откажуваме од реализацијата на проектот, сакаме да ја видиме браната изградена. Браната Речани, чија вкупна вредност е околу 36 милиони евра, треба да биде издигната до 2021 година. Со моменталната ненародна Влада проектот е запрен, активностите на терен не се видливи, а на кочанчани овој проект е од големо значење. Ние по толкав труд, продолжуваме со активности, нека им е јасно дека ќе мораат и тие, рече Ратко Димитровски, кандидат за градоначалник на Кочнаи од ВМРО-ДПМНЕ.

На прес-конференцијата што се одржа пладнето во просториите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ пак, Димитровски го критикуваше работењето на Центарот за социјални работи, обвинувајќи за негова партизација и ангажирање во предизборни цели.

- На ден 03. 10 2017 год.  Центарот за социјални работи - Кочани, в.д. директорот Соња Андоновска заедно со вработена од центарот – нејзина сопартијка, за време на работно време користејќи ја својата функција, вршеше агитација во населба Оризари и Ромско маало - улица “Стамен Манов“ и Полатски пат, кај семејства од ранлива категорија на кои им е прекинато правото на парична социјална помош според Законот за социјална заштита. На ден 06.10.2017 година ЦСР работи како мини партиски штаб, по завршување на работното време за членовите на СДС по партиска наредба било организирано издавање на решенија за туѓа нега заради пријавување на “болни и изнемоштени“ гласачи, додаде Димитровски.

Во обраќањето до јавноста, Димитровски обвини за мобинг во Центарот за социјални работи преку неосновани преместувања,  распоредувања, како и дека се врши секојдневно шиканирање на одделни вработени.
 
Т. Ајтовски
 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/12°C
Недела6°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 198 гости и нема членови


web counter



qr code