Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

stamen-manov-205.09.2013  И асфалтот на улицата “Славчо Стојменов“ не додржа долго време по поставувањето.

На одделни делови коловозот се издигна и се оштети, па не наликува дека е реконструиран.

Иако жителите што живеат на оваа улица повеќе години чекаа таа да се реновира,три месеци по завршувањето на работите реагираат што повторно се појавуваат старите проблеми.

Реакција имаше и на седнциата на Советот, при што од локалната власт беше побарано да преземе мерки за решавање на состојбата.

- Се пофаливте дека е асфалтирано и по медиумите и насекаде, ама ќе ве замолам попладне да излезете и да видите дека целиот асфалт е издуван, стана ридишта. Тоа треба под итно, ако има гаранција од фирмата, која гарантира за извесен временски период, треба да се излезе на терен и да се види, рече Аки Акиов, член на Советот на Општина Кочани.

Слично како на “Славчо Стојменов“, оштетувања на асфалтот краток временски период по поставувањето имаше и на улицата “9 Мај“ заради што подоцна таа повторно се поправеаше и крпеше.

Забелешки стигнаа и за состојбата во која се наоѓа кракот на улицата “Стамен Манов“ што води кон Фабриката за вода.

- Јас не знам тие вработените како сабајле одат на работа, таму пешки ќе поминеш ќе се удавиш во некоја дупка, а не тие со возила таму. По таа улица поминуваат и тешки товарни возила, сега носат дрва од планината, ќе згазат некое дете, треба да се преземат некои мерки и таму, додаде Акиов.

Од  Локалната самоуправа рекоа дека знаат што се случува со овие две улици и ќе се преземат мерки за решавање на состојбата.

- Прво за “Славчо Стојменов“, не е уште завршена докуменатцијата, ако има нерамнини тоа ќе се провери, немајте гајле, гаранции има. Меѓутоа, за ударните дупки се води најголемата кавга што ја имаме секојдневно кога се сретнуваме, и реков не само на тој дел од градот, туку и во централното подрачје ќе се работи, меѓутоа никако не успеваме да го завршиме до крај, рече Ратко Димитровски, градоначалник  на Општина Кочани.

Димитровски вети дека во наредниот период ќе се работи засилено за крпење на оштетувањата на асфалтот и санирање на ударните дупки. Дали и кога ќе се поправа трасата на улицата “Стамен Манов“ што води кон Фабриката за вода не даде конкретен одговор.

Т. Ајтовски

Сподели

stamen-manovstamen-manov-1stamen-manov-3stamen-manov-6stamen-manov-8stamen-manov-9stamen-manov-9a

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 76 гости и нема членови


web counter



qr code