Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
pres sdsm soobrakaj09.10.2017  Актуелниот сообраќаен режим е нефункционален, бавен, а на неколку места е закочен и блокиран. Гласот на граѓаните на Кочани воопшто не се слуша, а проблемите се ставаат под тепих, поради што секојдневни се гужвите во сообраќајот, беше речено на прес-конференцијата што ја организираше листата за советници на коалицијата предводена од СДСМ.
 
- Ваквата состојба директно е предизвикана од решението на Ратко Димитровски за воведување еднонасочен сообраќај, без при тоа да се направи студија и сериозна анализа. Граѓаните со право прашуваат дали Локалната самоуправа презема мерки за надминување на овој хаос. Одговорот е “да“, во изминатиот осумгодишен период Ратко Димитровски во два наврати спроведе набавка на луксузно патничко возило марка фолксваген пасат во вредност од близу 30 илјади евра, со што обезбеди поголем комодитет во неговите патувања, а сето тоа од парите на граѓаните. Почитувани сограѓани, на ова место веќе требаше да биде во изградба кружен тек. Граѓаните на одржаните форумски сесии, помогнати од Швајцарската амбасада, го одбраа тоа за нивен приоритет. За жал поради ниските капацитети на раководните луѓе во Општината, предводени од Ратко Димитровски, изградбата се уште не е отпочната, рече Ѓорѓи Алексов од листата за советници од коалицијата на СДСМ.

Алексов рече дека новата локална власт посветено и со план ќе се вклучи во регулирањето на сообраќајот со изградба на кружни текови, катна гаража и мостови и изградба на улици.

На прес-конференцијата зборуваше и кандидатот за градоначалник Никочо Илијев, при што се осврна на состојбите во образованието и ги повика граѓаните да гласаат слободно, по свој избор.

- Ние нудиме визија за нашата заедничка иднина на Кочани. Наместо долгови на училиштата, време е за квалитетно образование, време е да инвестираме во квалитетна инфраструктура. Наместо илјадници евра за непродуктивни трошоци – да инвестираме во иднината на нашите млади, во културата, во спортот. Затоа ве повикуваме, масовно да излезете и да гласате за подобар живот. Не си го потценувајте значењето како гласач. Не се плашете од закани и уцени. Ништо не ви можат. Имаме историска шанса да гласаме слободно, на фер и демократски избори. Паметно со пенкало, да им кажеме збогум на дискриминацијата и на заканите, рече Николчо Илијев, кандидат за градоначалник поддржан од коалицијата на СДСМ.

На крајот од обраќањето до јавноста, кандидатот за градоначалник Илијев рече деке време е за промени во позитивен правец, за што граѓаните со давањето на довербата за него и за советничката листа од коалицијата на СДСМ ќе обезбедат реализација на проектите во наредниот четригодишен мандат.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/12°C
Недела6°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 195 гости и нема членови


web counter



qr code