Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
miting vinica109.10.2017  Митингот на коалицијата што ја предводи СДСМ, а што се одржа на плоштадот “Ангел Винички“ собра голем број партиски членови, симпатизери и граѓани, кои дојдоа да слушнат што им нудат кандидатите за градоначалник и за советници на Општина Виница.
 
Беше критикувано досегашното работење на локалната власт која на граѓаните им оставила неизградени и раскопани улици, недостиг на чиста вода за пиење и напуштени домови од страна на младите кои заминале во странство.
 
Според кандидатот за градоначалник Ивица Димитров, време е да се реализираат вистински проекти што треба да им донесат подбар живот за сите.

- Изградба на покриен градски пазар, ќе се гради на местото на постојниот, со што ќе се надмине хаосот што владее во продажбата на земјоделски прехранбени производи. Друг клучен капитален проект, што новата локална власт ќе го реализира, е изградба на акумулација - брана на реката Сушица, со што ќе се овозможи наводнување на дополнителни 400 хектари обработливо земјиште, а воедно ќе обезбеди и заштита од поплави во периоди на обилни врнежи.  Новата локална власт во наредниот период ќе изгради булевар на влезот на Виница, од Горица до бензинската пумпа на “Макпетрол“. Со изградбата на булеварот ќе се решат проблемите за возилата, пешаците и со атмосферската вода, што и денеска видовме дека ја имаше, рече Ивица Димитров, кандидат за градоначалник на Виница од СДСМ.

Димитров вети намалување на цената на водата, на ѓубрарината и на другите комунални давачки до 30 проценти, како и обезбедување бунари за водоснабдување во сите населени места во општината и замена на постојната водоводна инсталација.

Пред гтраѓаните на Виница зборуваше и носителот на листата за советници, Митко Илиевски кој го критикуваше работењето на досегашната локална власт.

- Осум години имавме локална власт која што сакаше само да сешета по светот, а не да ги решава проблемите на граѓаните. За осум години, почитувани граѓани, долгот на Општината достигна висина до фантастични 2 милиони евра. Е, ова расипништво мора да престане. Мора да им кажеме доста, да не дозволиме нашата општина да ја вратат пред нашата ера. Почитувани граѓани, овие луѓе зад мене, и јас, заедно со идниот градоначалник на Виница, Ивица Димитров, ви нудиме нова локална власт, локална власт којашто ќе се грижи за потребите на сите граѓани, рече Митко Илиевски, носител на листата за советници од коалицијата на СДСМ.

На митингот во Виница зборуваше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој потенцираше дека проектите што се нудат во предизборната програма на кандидатот за градоначаник, Ивица Димитров, ја имаат неговата целосна поддршка, затоа што со нивна реализација, општината и регионот ќе станат достоинствено место за живеење.

Т. Ајтовски
 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 195 гости и нема членови


web counter



qr code