Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

osogovo bregalnica kup09.10.2017  Во неделата се одиграа натпреварите од седмото коло во првенството на Втората лига – исток во кое фудбалерите на “Осогово“ се поразени со 3:0 на гостувањето во Валандово против “Победа“.

Со тоа “жолто-сините“ веќе трет натпревар по ред се без ефектива на своето бодовно салдо, иако играа против екипите од дното на табелата.    

Високата победа на валандовчани против нашиот второлигаш можеби не е вистнски одраз на силите на теренот, со оглед што гостите од Кочани имале неколку шанси за погодок што не ги искористиле, но сепак на крајот со наведнати глави го напуштиле теренот.

Единствено оправдување за поразот може да биде отсуството на неколку стандардни играчи, но сепак примените три гола сериозно го оддалечуваат клубот од посакуваната цел да се одржува во средината на табелата. Во моментот “Осогово“ и понатаму го задржува 7 место со седумте освоени бода, но допрва претстои тешка задача, затоа што во наредните кола противници ќе бидат екипите кои се во горниот дел.

В сабота на стадионот “Никола Мантов“ ќе гостува “Борец 1919“ од Велес кој има три бода повеќе и е едно место погоре од кочанскиот второлигаш.

По двонеделната пауза поради обврските на младата репрезентација, викендов продолжи и првенството на Првата фудбалска лига во женска конкуренција. Во саботата се одигра четвртото коло, во кое ЖФК “Кочани“ беше домаќин на средбата со “Каменица Саса“ и славеше висока победа од 7:0.

Со тоа девојчињата на тренерот Оливер Јовановски стигнаа до првите 3 бода во првенството, иако не дојде до поместување во редоследот на табелата. Нашиот женски прволигаш сега е во друштво на уште 3 екипи со ист број бодови, но поради лошата гол разлика останува на 10-та позиција од вкупно 12 екипи.

Следниот викенд повторно ќе има пауза во првенството, а 5 коло ќе се игра на 29 октомври кога ЖФК “Кочани“ ќе гостува во Куманово против тимот на “Речица“.

Т. Ајтовски

 

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/12°C
Недела6°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 196 гости и нема членови


web counter



qr code