Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
pres solevski vodovod10.10.2017  Осум и пол години локалната власт на чело со градоначалникот Ратко Димитровски во Кочани се однесува расипнички и неодговорно ги троши вашите пари.
 
Некогаш најчистиот град во Македонија, денес е затрупан во ѓубре и е претворен во најголемо буниште, а граѓаните плаќаат партиски војници што не работат, рече Томе Солевски, носител на листатаза советници на коалцијата предовдена од СДСМ, на прес конференцикјата што се одржа пред управната зграда на КЈП “Водовод“’.

- Советниците од ДПМНЕ без срам гласаа за најнепопуларната мерка –  со вашите пари да го финансираат „Водовод“. Ни ги зголемија животните трошоци со покачување на цена на водата за пиење и за отпадната вода, а водата се уште ја добиваме преку азбестни цевки. Воведоа платен паркинг. Цената на геотермалната вода се зголеми за 50 проценти: така стимулираа уништување, а не производство во Кочани. Каде ли отидоа парите со кои градеа препумпни станици и отвораа нови бунари, а ние уште живееме со рестрикции на водата во најжешките денови?! За поправка на дефект на водоводната или на канализациската мрежа се чека со денови. Кога ќе раскопаат, така стои со месеци. Тоа ли е одговорност, тоа ли е почит кон граѓанинот, рече Томе Солевски, носител на листа за советници од коалицијата на СДСМ.

Солевски потсети и нан безмилосното сечење на дрвјата и уништувањето на градското зеленило, а го потенцираше и нерашавањето на прболемот со бездомните животни.

- Не најдоа чаре ни за кучињата бездомници, па немислордно ги труеја и домашните миленици. Тие немаат капацитет да раководат со Општината. Тие мислат само на себе. Доста беше. Време е да си заминат од нашата сегашност. Никој повеќе не сака да живее во ѓубре, да плаќа за негрижа и нечовечност. Не смееме да дозволиме во 21 век граѓаните на Општина Кочани да немаат чиста вода, не смееме да дозволиме во летниот период од годината жителите од високата зона да немаат вода. Ние како нова локална и одговорна власт, ќе им обезбедиме на граѓаните нормални услови за живеење од комунален аспект, а високите сметки за комунални услуги ќе бидат минато. Ние ветуваме дека ќе ги замениме азбестните цевки со нови цевки по еколошки стандарди, додаде Солевски.

На крајот од обраќањето до јавноста Солевски рече дека на сите им е потребно комунално претпријатие што ќе работи за граѓаните, како и служби што ќе го направат Кочани чисто и посакувано место за живеење.

 

 
Т. Ајтовски
 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 196 гости и нема членови


web counter



qr code