Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
pres nepotizam sasko12.10.2017  Зградата на Локалната самоуправа на Општина Кочани е претворена во семејна зграда на раководството на ВМРО-ДПМНЕ во која има вработено блиски роднини, рече Сашко Стефановски, кандидат од листата за советници на коалицијата предводена од СДСМ.
 
На прес конференцијата што се одржа пред општинската зграда тој потенцираше дека поради непотизмот на локалната власт, дел до вработените наместо да работат ефикасно и одговорно, работното време го трошат неефективно и за лични потреби.

- Во оваа зграда можат да се сретнат сопруги и сопрузи, татковци и деца, свекори и снаи и сите други форми на крвно сродство или сватовство. Состојбата не е ништо подобра ниту во училиштата, градинките и комуналното претпријатие. Канцелариите во кои што треба да им се пружаат услуги на граѓаните се претворени во чајџилници, пушални и салони за разубавување. Со парите од општинскиот буџет, среќните семејства вработени во оваа зграда, си прават турнеи по хрватското приморје и на далечниот исток. Си доделуваат награди и унапредувања за повисоки плати. Многу често паузите на некои од паушално вработените, траат подолго од ефективното работно време. Решавањето на вашите проблеми е во рацете на некадарни и неодговорни галеничиња. И на кого да се пожалите? На свекорот од снаата, на таткото од ќерката или на сопругот од сопругата, рече Сашко Стефановски, листа за советници на коалцијата предводена од СДСМ.

Стефановски рече дека е време да се стави крај на таквото расипничко работење и вработување по роднинска линија, бидејќи се трошат парите и времето на граѓаните.

- Вие заслужувате локална самоуправа која ќе биде сервис на граѓаните, бидејќи таа функционира од вашите пари. Во оваа институција треба да работат вредни, чесни и професионални кадри, за кои граѓанинот ќе биде пред се` и над се. Вие заслужувате подобар културен живот и подобро организирано време во образовните установи. Вие заслужувате побрзо и ефикасно решавање на комуналните проблеми. Вие заслужувате подобар живот, овде во Кочани, дфодаде Стефановски.

На крајот од обраќањето до јавноста, Стефановски ги повика гласачите да дадат поддршка на листата за советници на коалицијата предводена од СДСМ.

 

 
Т. Ајтовски
 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 147 гости и нема членови


web counter



qr code