Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
nezavisna  lista debata212.10.2017  Очигледна е потребата од јавна дебата на носителите на листите за советници во Општина Кочани, за да можат гласачите да добијат подобри информации за што се залагаат тие во своите предизборни програми.
 
Повикот го упати носителот на независната листа за советници Венко Крстевски, при што рече дека очекува позитивна реакција од своите политички опоненти.

- Ја користам оваа прилика да ги повикам јавно носителите на советничките листи на политичките партии да изберат време и место за дебата, каде што ќе ги судриме нашите аргументи, заложби и идеи. Да покажеме повисоко ниво на демократски капацитет, а јавноста да има можност за поквалитетен суд за следните локални избори. Се андевам дека поканата ќе ја прифати барем еден, а очекувам да бидат и двајцата, со помош на вас медиумите да го организирамеовој настан, рече Венко Крстевски, носител на независната листа за советници.

Независната листа за за советници на носителот Венко Кстевски одржа и прес конференција на која претстави дел од своите активности во рамки на предизборната кампања. Притоа беше речено дека во Општината постои младински совет, но до сега тој воопшто не бил активен.

- Изминатите денови креиравме настани од повеќе области кои поминаа со одлична оценка од страна на нашите сограѓани. Иако финански не толку моќни, сепак со добра организација докажавме дека финансиите не се клучна цел во организирањето на настани. Денес се наоѓаме во градскиот пазар на Кочани каде што поставивме штанд на кој ги промовираме нашите идеи,разменуваме мислења и примаме сугестии од нашите сограѓани за конкретните работи што ѓи засегаат. Денес секој од граѓаните има можност на нашиот штанд да напише име од граѓанин на нашата општина кој живее во странство поради лични или финансиски потреби се со цел неговото име да не биде заборавено. Идејата на оваа акција е и со цел да се спрече наглото заминување на нашите жители од општината преку низа мерки кој ние како тим ги предлагаме. Во текот на неделава спроведовме акција во која наши членови од Независната листа на советници со велосипеди ги посетија населбите Оризари, Прибачево и Грдовци да разговараат на лице место за идеите, заложбите и проблемите кои ги засегаат овие жители на нашата општина, рече Ванчо Мишовски од Независната листа за советници – носител Венко Крстевски.

Мишовски додаде дека срамота е во 21 век да не се решени основните потреби на граѓаните, како што е водоснабдувањето или изградбата на канализација. Од средбите со граѓаните кандидатите од независната листа за советници добиле предлози и идеи што се приторитетите за решавање, за што вети дека по конституирањето на Советот на Општината тие ќе се залагаат за реализиарање во практика.

Т. Ајтовски

 
 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 91 гости и нема членови


web counter



qr code