Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
pres sovetnici sitnovski12.10.2017  Во политиката и политичката кампања се е можно, но ние ја покажавме нашата политичка култура на повисоко рамниште, без говор на омраза, дискриминација, омаловажување и дискредитација.
 
Ветивме дека ќе се однесуваме коректно кон политичките противници со респект кон нивните ставови, а кампањата ќе ја насочиме кон потребите и проблемите на граѓаните, без да водиме висока политика, беше речено на прес конференцијата на листата за советници на колацијата на СДСМ, при што беше нагласено дека она што било ветено во кампањата, е испочитувано во досегашното однесување.

- Резултатите од овие избори ќе покажат колкав дел од граѓаните на општина кочани се за суштински промени на состојбите, за подобро утре за себе и за идните генерации на овој град. Во тој контекст се обврзуваме дека Кочани ќе го вратиме на вас, на граѓаните.Ќе работиме заедно за остварување на потребите на сите граѓани. Ќе внесеме нов дух во развојот и на односите во општината. Кочани ќе биде пример на отворена и транспаретна општина, општина во која нема да има поделби по ниеден основ, општина во која ќе се обезбедат услови подеднакви за сите, за градот и за населените места. Вашите идеи, почитувани сограѓани ќе бидат наша обврска. ќе ја вратиме моќта на месните и урбаните заедници. Ќе ги подржиме стопанствениците кои 27 години го крепеа Кочани во неговиот развој. Ќе го намалиме сообраќајниот метеж и урбаниот хаос во градот. Ние, советниците и новиот градоначалник ќе направиме од Кочани поуреден и најубав град со уредени паркови и многу зелени површини, рече Благој Ситновски од листата за советници на коалицијата предводена од СДСМ.

На прес-конференцијата беше речено дека новата локална власт нема да работи како досегашната.

- Нема да се ставиме и нема да дозволиме заедно со градоначалникот да не зафати машинеријата на наместени јавни набавки за улици и тротоари, за измислени градежни маркички, за транспорт на учениците. Нема да дозволиме мнозинството граѓани да мислат дека корупцијата и непотизмот е “нормална појава” и дел од владеењето, особено на локално ниво. Најодговорно ќе се бориме против таквата злоупотреба на парите на граѓаните, против корупцијата како дел од нашиот менталитет. Ако тоа не го направиме, џабе ни е нов градоначалник и советници. Ние ве уверуваме почитувани сограѓани дека со сите сили ќе се бориме против таквите појави во општината. За натамошниот побрз развој на оптшината ни е потребен човек докажан со своите менаџерски способности, наоружан со идеи и визии за развојот на општината , со широки и далекусежни погледи на стварноста и на перспективите на општина кочани. Имаме ли ние таков човек? Да-имаме. тоа е николчо илијев, нашиот кандидат за градоначалник. Да му дадеме шанса на 15-ти октомври, како што се вгради во својата компанија која е една од 200-те најуспешни компании во Македонија и една од двете најуспешни во Источниот регион, со сиот свој капацитет, интегритет и знаење да се вгради и во натамошниот развој на општината, која сигурни сме ќе ја направи поразвиена и препознатлива во целата наша држава и пошироко, додаде Ситновски.

На прес-конференцијата беше упатен повик граѓаните сами да оценат, според своите сопствени вредносни критериуми, кому за овие локални избори ќе му го дадат својот глас.

T. Ајтовски

 
 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 74 гости и нема членови


web counter



qr code